Постапка за надградба на Windows XP оперативниот систем Важна напомена: Microsoft ја прекина поддршката на Windows XP во април 2014. Вашиот оперативен систем веќе не добива нови сигурносни засилувања (patches) и со секоја новооткриена слабост, јавно објавена на интернет порталите или откриена од страна на други лица, сигурносните ризици врзани за работата со вашиот компјутер ќе бидат се поголеми. Од погоре наведените причини, пожелно е да го мигрирате вашиот оперативен систем на нова верзија на Windows (Windows 7 или Windows 8.1) a доколку ги користите исклучиво само информативните услуги на Интернет банката а не планирате ваква надградба во поскоро време, можете да ги испитате можностите за мигрирате на некоја од Linux дистрибуциите (Linux Mint, Ubuntu, Fedora) и да ја користите најновата верзија на Firefox или Google chrome. Доколку не можете да се вклопите во ниту едно од погоре предложени сценарија, односно ги користите трансакциските услуги а воедно не можете да мигрирате на понова верзија на Windows, преку опцијата Windows update пожелно е да ги проследите сите достапни функционални и сигурносни надградби за Windows XP. Процедурата опишана подолу ги опишува исклучиво минималните чекори, неопходни вашиот Windows XP да биде подготовен за успешно поврзување со новиот SSL серверски сертификат на Интернет банката (SHA256), кој нашиот тим планира наскоро да го пушти во продукција. Истата не е замена за редовно пуштање на сигурносните и функционалните засилувања кои можат да се добијат преку Windows updates. Банката не преземе никаква одговорност за евентуални сигурносни инциденти настанати на страната на корисникот заради користење на оперативен систем кој производителот престанал да го подржува или оперативен систем кој не се надградува навремено и не користи анти-вирусен програм. Минимални чекори за успешно поврзување на новиот SSL SHA256 серверски сертификат на Интернет банката Доколку Internet explore-от на вашиот компјутер не го поминува тестот за поврзување со новите SHA256 SSL серверски сертификати на линкот https://sha2test.salesforce.com/s/, потребно е да ги спроведете најмалку чекори за надградба на Service Pack 3 и Internet Explorer 8 дадени подолу. Пред да започнете со надградбата, проверете дали имате Интернет пристап и дали вашиот компјутерот е заштитен со огнен ѕид firewall (крајно ризично е да го поврзете компјутерот без сигурносни надградби на мрежа без активен огнен ѕид). За време на целата постапка, вашиот компјутер ќе мора да биде поврзан на Интернет. Проверете го вашиот Интернет пакет и условите под кои истиот го користите, можно е со спуштањето на надградбите да реализирате сообраќај од повеќе 100-ци MB.
1. На сликата подолу е прикажано како можете да проверите дали на вашиот Windows XP имате инсталиран service pack 3: Доколку немате Service Pack 3 истиот можете да го спуштите на официјалниот сајт на Microsoft на линкот https://www.microsoft.com/enus/download/details.aspx?id=24 или автоматски да го спуштите и инсталирате преку Windows updates. Пред инсталацијата, пожелно е да се направи резервна копија на целиот оперативен систем или да биде вклучена опцијата system restore и да се направи резервна копија на документите. 2. По успешната инсталација на Service Pack 3, потребно е да ја проверите верзијата на вашиот Internet explorer:
Доколку веќе ја имате верзијата Internet explorer 8, можете истата да ја проверите на линкот https://sha2test.salesforce.com/s/. Со успешното отворање на страната се потврдува вашата подготвеност за поврзување на Интернет банката со новиот серверски SSL SHA256 сертификат кој Интернет банката планира наскоро да почне да ги користи заради понатамошно сигурносно засилување на енкрипцијата помеѓу Интернет банката и нејзините корисници. Во спротивно, Internet explorer-от можете да го надградите на следниот начин:
3. Доколку сакате да имате целосна контрола на сигурносните и функционални надградби на вашиот Windows XP во Control Panel изберете го Windows Security Center-от (означено со 1 на сликата подолу), изберете ја опцијата Automatic Updates (означено со 2) и опцијата Notify me, but don t automatically download or install them (3). Напомена: најдобар можен начин за надградба на вашиот оперативен систем е да се користи опцијата Automatic (recommended), но доколку од функционални или други причини сакате да ги инсталирате само најнеопходните надградби, изберете ја опцијата означена под 3 на сликата подолу.
4. По одредено време, ќе добиете известување на надградба - KB898461 (во долниот десен агол ќе се појави жолта икона, кликнете врз нејзе). Истата морате задолжително да ја инсталирате се со цел да можете да ги повлечете другите сигурносни и функционални надградби.
По инсталација на надградбата KB898461, извршете проверка на истата во делот на Add or remove programs (вклучена опцијата Show Windows Updates). Доколку истата е инсталирана, би требале да го видите следниот приказ: 5. Повторно оставете го компјутерот приклучен на Интернет и по одредено време во зависност од брзината на вашата интернет врска ќе добиете известување за нови надградби на вашиот Windows XP. Ќе се појави жолтата икона во долниот десен агол и по кликањето врз истата ќе ја добиете листата на надградби прикажани на сликата подолу:
Строго препорачливо е да се спуштат и инсталираат сите предложени надградби, но доколку од други причини, саката само да го инсталирате IE8 а другите надградби планирате да ги инсталирате подоцна, можете да ја одберете само опцијата 2 и да кликнете на копчето Download. 6. По успешното спуштање, повторно ќе добиете нотификација во долниот десен агол, кликнете врз жолтата икона, одберете го Internet Explorer 8 и кликнете на копче Install:
По завршувањето на инсталацијата, Windows-от ќе побара рестартирање. Рестартирајте го вашиот Windows и повторно обидете се да го посетите линкот https://sha2test.salesforce.com/s/. Доколку успеете да ја отворите страната, вашиот компјутер е спремен за поврзување на Интернет банката со новиот SSL сертификат SHA256. Напомена: Ве молиме што поскоро да ги инсталирате и другите сигурносно надградби и сериозно да ја испланирате и реализирате вашата миграција на понов оперативен систем во склад со препораките дадени на почетокот на Упатството.