343.1:347.932(497.1) ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА СУДЕЊЕ ВО РАЗУМЕН РОК ВО ЗАКОНИКОТ ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА НА ЦРНА ГОРА 1 Проф.д-р Бранко Вучковиќ * Проф. д-р Весна Вучковиќ ** ВОВЕД Кривичната постапка може да се сфати во поширока или во потесна смисла. Кривичната постапка е збир на законски преземени дејства на определени државни органи и некои други лица, кои преземаат дејства во случај да постои веројатност дека е извршено кривично дело, а чија цел е да се утврди дали е извршено кривичното дело, а ако е извршено, кој го извршил, дали треба на сторителот во смисла на прописите на материјалното право да се примени казна или друга мерка, и ако треба, казната или другата мерка да се определи квалитетно и квантитативно. 2 Кривичната постапка во своето вистинско значење е кривичнопроцесен однос кој се остварува со кривичнопроцесни дејства на кривичнопроцесни субјекти заради решавање на кривични предмети. 3 Според Vasiljević, кривичната постапка е утврдување на постоењето на право на државата да изрече санкција во поединечен кривичен предмет, покренат заради постоење сомневање дека е сторено кривично дело. 4 Имајќи ја предвид дефиницијата на кривичната постапка, може да се заклучи дека кривичната постапка е посебен облик на активност на државата, начин на кој определена држава во конкретни случаи се спротивставува на сторителите на кривични дела, а начинот на спротиставување се состои во преземање дејства кои се потребни сторителот на кривичното дело да се открие и казни и кон него да се примени законска мерка. Темелните постулати на кривичната постапка се во Уставот на Црна Гора 5 во член 32 во кој се пропишува дека Секој има право на правично и јавно судење 1 Превод на македонски јазик: доц. д-р Александра Груевска- Дракулевски, доц. д-р Александра Деаноска, ас. м-р Бобан Мисоски, ас. м- р Дивна Илиќ, дем. м-р Никола Главинче, дем. м-р Елена Мујоска и дем. м- р Драгана Кипријановска. * Претседател на Основниот суд во Котор, професор по кривично и кривично процесно право на Факултетот за медитерански деловни студии во Тиват, Професор по меѓународно кривично право на Правниот факултет на Универзитетот Медитеран во Подгорица, претседател на Здружението за кривично право и криминална политика на Црна Гора ** Професор по криминалистика на Факултетот за деловен менаџмент во Бар и Факултетот за медитерански деловни студии во Тиват. 2 V. Bayer, Jugoslovensko krivično procesno pravo, I. Knjiga, Zagreb, 1980. g. str. 4. 3 D.V. Dimitrijević, Krivičnoprocesno pravo, Beograd, 1963. g., str. 14. 4 T. Vasiljević, Sistem krivičnog procesnog prava SFRJ, drugo izdanje,
Beograd, 1971. g., str. 24. 5 Sl. list CG, br. 1/07 год. 17, бр. 1-2, (2010) 165
Бранко Вучковиќ, Весна Вучковиќ во разумен рок пред независен, непристрасен и со закон усановен суд. Наведената одредба укажува на фактот дека државните органи кои ја водат кривичната постапка или учествуваат во неа, мораат да водат сметка за правата на определен граѓанин кога ќе постане субјект на кривичната постапка и да се стремат постапката да се заврши што побргу, бидејќи во спротивно го кршат основното право кое му припаѓа на граѓанинот. Значи, се работи за тоа граѓанинот како субјект во кривичната постапка да не се изложува на неизвесност без причина, бидејќи таа неизвесност во определени услови може да му нанесе морална, материјална и стварна штета. На секој поединец му припаѓа правото на судење пред независен, непристрасен и со закон усановен суд. Оваа обврска произлегува и од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, која е ратификувана од страна на државната заедница Србија и Црна Гора на 26 декември 2003 година 6, која во член 6, став 1 пропишува дека секој, во текот на одлучувањето за граѓанските права и обврски или за кривичното обвинение против него има право на правична и јавна расправа во разумен рок пред независен и непристрасен суд формиран врз основа на закон... Законот за судовите 7 во член 7 пропишува Секој има право на непристрасно судење во разумен рок. Значи, не само со Уставот, туку и со овој закон е регулирано постапувањето на судот за судење во разумен рок, а тоа е преземено од одредбите на Европската конвенција. Покрај тоа, во Црна Гора е донесен Закон за заштита на правото на судење во разумен рок 8, а неговото значење е во тоа што установува правен лек заради повреда на правото на судење во разумен рок. 1. Меѓународни документи кои го регулираат траењето на кривичната постапка Основните права на обвинетиот, односно субјектот на кривичната постапка се дека постапката треба да се спроведе без одолговлекување, а тоа е и првичен интерес на обвинетиот, а тоа основно право се изведува од општите човекови права. Тоа право го гарантира и Уставот. Правото на завршување и итно постапување во кривичната постапка е само едно од многуте права кои му припаѓаат на денешниот човек, тоа е загарантирано, освен со Уставот и со многубројни меѓународни документи. Меѓународен пакт за граѓанските и политичките права Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права од 19 декември 1966 година со двата факултативни протокола, го ратификуваше и нашата земја 9 и според тој документ државите се должни во согласност со Повелбата на ОН да создаваат услови секој да може да ужива во своите граѓански и политички права и да го унапредува општото и вистинското почитување на правата и слободите на човекот. 6 Sl. list SCG-MeĎunarodni ugovori, br. 9/03. 7 Sl. list RCG, br. 5/02, 49/04 i Sl list
CG, br. 22/08. 8 Sl. list CG, br. 11/07. 9 Sl. list SFRJ, br. 7/71, Sl. list SRJ-MeĎunarodni ugovori, br. 4/01 166 МРКК
Заштита на правото на судење во разумен рок во Законикот за кривична постапка на Црна Гора Во членот 14 е определено дека сите се еднакви пред судовите и дека секој има право со закон определен, надлежен, независен и непристрасен суд правично и јавно да го испита неговиот предмет и да одлучи за оправданоста на секое кривично обвинение кое е подигнато против него. Во однос на правата на обвинетиот пропишано е под 14ц 3: да му се суди без одлагање. Општа декларација за правата на човекот Општата декларација за правата на човекот е донесена и прогласена со Резолуцијата 217 А (III) од страна на Генералното собрание на Обединетите нации од 10 декември 1948 година. Оваа декларација содржи стандард кој треба да го прифатат сите народи и нации за поединецот и секое тело да се стремат кон почитување на правата и на слободите. Во членот 10 е пропишано дека секој има потполно и еднакво право на правично и јавно судење пред независен и непристрасен суд кој ќе одлучи за неговите права и обврски и за основаноста на секое кривично обвинение против тоа лице. Значи и со оваа одредба се бара судење во разумен рок, иако тоа не е децидно наведено, без одлагање. Во спротивно, судењето не може да се смета за правично. Европска конвенција за заштита на човековите права и основните слободи Државната заедница на Србија и Црна Гора ја ратификуваше оваа Конвенција на 26 декември 2003 година. Во чл.6 на Конвенцијата е пропишано правото на обвинетиот на судење во разумен рок: секој има право со закон определен, независен и непристрасен суд правично, јавно и во разумен рок да го испита неговиот случај...но она што е уште поважно во оваа Конвенција од самото траење на постапката е спречување на евентуалните штетни последици кои може да настанат или настануваат со нејзиното долго траење. 2. Правно-социолошка анализа на институтот заштита на правото на судење во разумен рок Институтот барање за заштита на правото на судење во разумен рок настанал како резултат на појавата на заостаток на голем број судечки предмети, така што ќе мора да се обрне внимание на причините кои довеле до тоа. Од судиите се очекува законита и ефикасна правда. Законита, во смисла на правилно утврдување на релевантните факти, правилна примена на материјалното и процесното право. Многу често, законитоста и ефикасноста не одат заедно; често една со друга се исклучуваат, но секако брзината во постапувањето не смее да влијае на квалитетот на пресудувањето. Правото на судење во разумен рок е право на брза, ефикасна, но истовремено и правична правда. Правна дилема може да настане во самото определување на времето на траење на судските постапки, дали времето точно може да се пропише или е доволно да се определи низ стандардот разумен рок и правично судење.
год. 17, бр. 1-2, (2010) 167
Бранко Вучковиќ, Весна Вучковиќ 3. Што е разумен рок Разумниот рок не е дефиниран со ниту еден акт, ни со Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, ни со Уставот на Црна Гора, ни со Законот за заштита на правото на судење во разумен рок. Во кривичното право разумниот рок е определен субјективно, заради што Европскиот суд за човекови права зазема стојалиште дека тоа време почнува да тече од часот во кој надлежната власт службено го известила определеното лице за тоа дека го смета за извршител на кривичното дело, односно дека против него постојат основи на сомневање дека е сторител на кривично дело. Судот определил стандард за определување на тој момент час во кој дошло до ситуација која битно влијае врз положбата на обвинетиот. 10 Европскиот суд нема критериуми за определување на моментот од кој положбата на лицето во кривичната постапка е битно загрозен, туку во секој конкретен сучај го дефинира тој поим, низ своите одлуки, сметајќи дека тоа е рокот во кој по пат на судска одлука се завршува несигурноста во која се наоѓа определено лице во однос на некое граѓанско право или во врска со кривичното обвинение против него. 11 Разумниот рок течe од моментот кога е покрената постапката, односно кога е определено дека осомниченото лице го извршило кривичното дело. Во предметот Ечка против Германија 12, постапката траела три и пол години, при што судот заклучил: Во кривичниот предмет разумниот рок на кој се повикува член 6 став 1 (чл.6-1), почнува да тече веднаш по моментот кога лицето кое е обвинето ; ова може да биде и пред почетокот на постапката за предметот, на денот на притворувањето, на пример, кога лицето е официјално известено за кривичното гонење, или на денот кога е отворена прелиминарна истрага. Судот продолжува и кажува: Во однос на прашањето за крајниот рок, во кривичните предмети, тој ја покрива постапката за која станува збор, вклучувајќи ја тука и постапката по жалба 13...како и извршувањето на судските одлуки 14. Судот утврдил дека тоа не е разумно време. Во друг случај, во постапка со слично времетраење Судот заклучува дека не станува збор за кршење на правилата на Конвенцијата (случај Кориглиано против Италија 15 ). Така, може да заклучиме дека поимот разумен рок е релативен и се менува од случај до случај. Разумниот рок не е временски определен, а во член 4 од Законот за заштита на правата од судење во разумен рок се пропишува дека како критериуми во однос на ова се сметаат: сложеноста на предметот во фактичка и во правна смисла-што во кривичната постапка го подразбира бројот на обвинети лица, бројот на сведоците кои треба да бидат сослушани, бројноста и сложеноста на вештачењата и сл.; однесувањето на поднесувачот на правното средство-дали со своето однесување придонел за одлагање на главниот претрес, дали избегнувал прием на поканите и сл.; однесувањето на судот и другите државни органи, органите на локалната самоуправа, јавните служби и другите носители на јавни овластувања-судот е 10 Z. Konjić, Trajanje kaznenog postupka i pravo na suďenje bez zakašnjenja u Republici Hrvatskoj, Zagreb, 2000. g., str. 55. 11 S. Vučinić, Zaštita prava na suďenje u razumnom roku, Sudijski dani, Budva, 29-30.oktobar 2008. g. str. 14.
12 Пресуда од 15.07.1982 г., Серија А бр. 51, стр. 33, параграф 73. 13 Ibid, страна 76, страна 34. 14 J.-F. Droit européen des droits de ľ homme,3e édition, Paris, 2002., стр. 12-14. 15 Пресуда од 10.12.1982 г., Серија А, број 57, страна 16, параграф 50. 168 МРКК
Заштита на правото на судење во разумен рок во Законикот за кривична постапка на Црна Гора одговорен за доцнењето на вештачењата, за одлагањето на судењето поради сослушување на сведоците и интересот на подносителот на правното средство-се определува во зависност од видот на постапката, на пример постапката против малолетник е итна посебно ако малолетникот се наоѓа во притвор. Законот за судовите на Црна Гора 16 во член 7 пропишува Секој има право на непристрасно судење во разумен рок. Правото на судење во разумен рок и целта на ова право е привилегијата на странките во судската постапка, да судот во рамки на своите должности во врска со обвинението за кривичното дело и кривичната постапка одлучи без непотребно одолговлекување. Постојат мислења дека разумниот рок треба точно да се определи, зашто без ваквото определување постои реална опасност од изигрување на институтот разумен рок. Така, на пример Германија се определила за точно определување на рокот на траење на судската постапка. Со наредба на Министерот за правосудство од 26.08.2008 година се пропишува траење на постапката од 4,4 месеци и 7,1 месеци за второстепена постапка. Друго решение, според кое траењето на постапката не е определено, создава реална опасност што се однесува до злоупотребата на овој институт 17. На должината на траење на кривичната постапка влијаат и злоупотребите на процесните права на странките и учесниците во постапката. 4. Злоупотреба на процесните права на странкитепричина за одолговлекување на постапката Странките во кривичната постапка и нивните застапници се должни во рамки на правата кои им ги дава процесниот закон да се однесуваат чесно и да ги користат истите правилно, за целите за кои самите права се востановени 18. Доколку странките ги злоупотребуваат дадените процесни права во согласност со Законикот за кривична постапка, тоа неизбежно влијае на должината на кривичната постапка. Иако не се експлицитно наведени злоупотребите на правата на странките во кривичната постапка, ова начело сепак се наоѓа во одредбите на Законикот за кривична постапка. Можно е да дојде до разидување на објективните цели на постапката и субјективните цели на странките во кривичната постапка, што пак доведува до злоупотреба на правата на странките. Судот се стреми да донесе правилна пресуда; целта на кривичната постапка не е да се определи осуда по секоја цена, туку утврдување на правната состојба на стварите и кон оваа цел би требало да се приближуваат и странките во постапката меѓутоа тоа не е секогаш така, зашто обвинетиот/обвинителот се стреми кон пресуда која на секој од нив им одговара од различен агол, а во врска со позицијата која ја имаат во потапката без оглед на тоа дали таа е и правилна, а сето тоа може да влијае на должината на кривичната постапка. За средствата за отстранувањето на злоупотребите ќе стане збор во понатамошнито излагање. 16 Sl. list RCG, бр. 5/02 и 49/04, Sl. list CG, бр. 22/08.
17 A. Radolović, Zaštita prava na suďenje u razumnom roku, Зборник на Правниот факултет при Универзитетот во Риека, бр. 29/91, стр. 7. 18 T. Vasiljević, Ibid, стр. 236. год. 17, бр. 1-2, (2010) 169
Бранко Вучковиќ, Весна Вучковиќ 5. Одредбите на Законикот за кривична постапка на Црна Гора и судењето во разумен рок Реформите во кривичното право-материјалното и процесното во Црна Гора се карактеризираат со многу специфичности, меѓутоа во ова излагање ќе бидат изнесени одредби за итноста во постапувањето што треба да овозможат ефикасност на кривичната постапка со примена на прифатените меѓународни обврски од страна на државата, во областа на заштитата на основните граѓански права и слободи. Влијанието на меѓународните стандарди на националното кривично процесно право се согледува преку правото на правично судење и судењето во разумен рок. Законикот за кривична постапка на Црна Гора 19 низ голем број одредби, го конкретизира правото на судење во разумен рок и отстранувањето на секоја злоупотреба на процесните права, за судот и јавниот обвинител, што претставува едно од основните права и слободи на човекот и граѓанинот. Овие права се содржани во одредбата од чл.16 право на судење во разумен рок, каде е пропишано дека: (1) Обвинетиот има право во најкраток рок, да биде изведен пред суд и да му биде судено без одлагање. (2) Судот е должен да ја спроведе постапката без одолговлекување и да оневозможи каква било злоупотреба на правата кои припаѓаат на лицата кои учествуваат во постапката. (3) Траењето на притворот мора да биде сведено на најкратко потребно време. Меѓународно правните гаранции на ова право се наоѓаат во чл.14, ст.3c од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и во чл.6, ст.1 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи. Според оваа законска одредба обвинетиот има право да биде изведен пред суд во најкраток рок, особено ако станува збор за лице кое е лишено од слобода и има право на судење без одлагање. За некои предмети постапката е предвидена како итна, а тоа се: случаите на притвор, постапката кон малолетни лица и кривичните дела од организиран криминал. Често и самиот судија придонесува за одолговлекување на постапката, непроучувајќи ги списите пред главниот претрес, ште не е секогаш негова вина, па тој на претресот не знае што е важно во предметот што го суди и прифаќа предлози од странките за изведување докази, од страв дека пресудата во жалбената постапка може да биде укината поради нецелосно утврдена фактичка состојба, ги следи излагањата на странките без да ги разбере и не применува определени мерки за спречување на процесни злоупотреби според Законикот за да не се замери со поедини учесници во постапката. Всушност, во некои случаи судијата определува вештачења кои не се потребни, или пак, не определува вештачења во случааи кога тоа е потребно; вештачењата ги доверува на неадекватни или недоволно компетентни вештаци, не инсистира на задржување на роковите кои сам ги определува за вештачења или нив ги продолжува и слично. Најголемиот број одлуки на Европскиот суд за човекови права во Стразбур се однесуваат на повреда на правото на обвинетиот за судење во разумен рок, во согласност со чл.6, ст.1 од Конвенцијата. 19 Sl. list RCG, br. 71/03, 7/04, 47/06, Sl. list CG, br. 57/09.
170 МРКК
Заштита на правото на судење во разумен рок во Законикот за кривична постапка на Црна Гора Судот е должен да оневозможи секаква злоупотреба на правата кои ги уживаат лицата кои учествуваат во постапката. Злоупотребата може да биде извршена и од самата одбрана во случаите на барање за одлагање на главниот претрес за изведување на непостојни или незначајни докази, одбивање на обвинетиот да се брани на главниот претрес и да ја изведе одбраната подоцна во жалбата на пресудата и со тоа да доведе до укинување на одлуката на судот, бранителот да се откаже од одбрана што ќе доведе до одлагање на главниот претрес и слично. Злоупотребите може да бидат извршени и од јавниот обвинител доколку поднесе обвинение иако ситуацијата не е доволно разрешена што ќе доведе до продолжување на притворот чие најдолго траење во истрагата истекува, или кога се продолжува кривичното гонење иако е очигледно дека не постојат услови за понатамошно гонење, со што одговорноста се префрла врз судот, од страв да не му замерат ако се откаже од кривичното гонење и слично. Законикот за кривична постапка пропишува итност во постапката кон лица на кои им е определен притвор. Правото на слобода претставува најстаро човеково право кое е загарантирано уште од 1215 година во документите на англиската Magna Carta. Најзначајниот правен извор за уредување на притворот е Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи 20. Заштитата на правото на слобода е уредена во чл.5 од Конвенцијата и со неа се гарантира правото на лична слобода од притвор, затворање (лишување од слобода) и други мерки со кои се одзема слободата. Законикот за кривична постапка е инкорпорирано во одредбите од меѓународните конвенции и во одредбата од чл.147 ст.2 каде е пропишана должноста на сите органи кои учествуваат во кривичната постапка и органите кои им дадат правна помош да постапуваат итно, ако се наоѓа обвинетиот во притвор. Притворот како мерка на лишување од слобода се определува само кога е неопходен, а кога притворот е определен треба да се сведе на најкратко време, па така, постои должност за постапување со особена итност. Притворот определен од страна на истражниот судија може да трае најмногу до месец дена од денот на лишување од слобода, а по изминување на тој рок обвинетиот може да се задржи во притвор само врз основа на решение за продолжување на притворот. По одлука на советот, на образложен предлог на истражниот судија или јавниот обвинител, притворот може да се продолжи најмногу два месеца, а ако постапката се води за кривично дело за кое се изрекува казна затвор над пет години и потешка казна, советот на Врховниот суд може, на образложен предлог на истражниот судија или јавниот обвинител, од оправдани причини, да го продолжи притворот најмногу за три месеци. Доколку по истекот на овие рокови не е подигнато обвинение, обвинетиот се пушта на слобода. По подигнатотот обвинение, можни се две ситуации. Прво, ако е ставен во обвинението предлог да се изрече притвор за обвинетиот или да се пушти на слобода, за тоа одлучува совет, веднаш, а најдоцна за 48 часа. Второ, ако се наоѓа обвинетиот во притвор, а во обвинението не е ставен предлог да се пушти на слобода, советот е должен, по службена должност во рок од три дена од денот кога е примено обвинението да испита, дали сè уште постојат причини за притвор и да донесе решение за продолжување или укинување на притворот. Постапувањето на судот со цел ефикасно судење не се однесува единствено на постапувањето во однос на притворените лица. Со други зборови, итноста на постапката доаѓа предвид и во случаите кога
судот постапува по поднесените акти. 20 I. Josipović, Uhićenje i pritvor, Zagreb, 1998. g., str. 37. год. 17, бр. 1-2, (2010) 171
Бранко Вучковиќ, Весна Вучковиќ Во таа смисла, судот е должен да се раководи од начелото на итност во оние случаи кога е поднесено обвинение од страна на овластеното лицејавниот обвинител или оштетениот како тужител, со тоа што органите кои учествуваат во постапката се должни да постапуваат со особена итност ако лицето се наоѓа во притвор. По приемот на обвинителниот акт, судот е должен да го достави до обвинетиот без одлагање, а ако се наоѓа во притвор, во рок од 24 часа по приемот (чл. 278 од ЗКП). По изрекувањето на пресудата, Претседателот на советот е должен веднаш, а најмногу во рок од три дена, да ја објави донесената пресуда и да го определи местото и времето на нејзиното објавување (чл. 365). Ограничувањето на рокот за објавување на пресудата има за цел постигнување процесна дисциплина и забрзување на постапката. Пресудата која е објавена писмено мора да се подготви и да се испрати во рок од еден месец по објавувањето, а во сложени предмети по исклучок во рок од два месеци (чл. 368). Против решението, односно пресудата донесена од страна на судот, кога е тоа предвидено со закон, може да се изјави жалба пред второстепениот орган кој е должен во рок од триесет дена од приемот на списите од страна на судот да одлучи по жалбата против решението, односно пресудата (чл. 408, ст. 3). Во постапката на одлучување, второстепениот суд е должен донесената одлука заедно со списите да ја достави до првостепениот суд најдоцна во рок од четири месеци, а ако обвинетиот се наоѓа во притвор, најдоцна во рок од три месеци по приемот на списите од судот (чл. 401, ст. 2). Скратената постапка е поедноставна и побрза, што се смета за оправдано доколку се земе предвид фактот дека се работи за помалку значајни казнени дела од општествен аспект и помалку комплексни дела опфатени со оваа постапка. Одредбите за скратената постапка се пропишани во посебни одредби во Глава XXVI од ЗКП и наедно, предвидено е дека оваа постапка се води за кривични дела за кои како главна казна е пропишана парична казна или затвор до три години, па оттука, произлегува дека скратената постапка е врзана за видот и за височината на казната предвидена во законот и притоа, постапката не може да се води пред кој било првостепен суд кој е стварно надлежен за споменатите дела. Притвор во скратената постапка може да се определи заради непречено водење на кривичната постапка кога се работи за лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело, а судот во ваков случај во согласност со законските одредни (ст. 4 од чл. 444), е должен да постапува со особена итност. Главниот претрес во согласност со одредбите кои важат за скратената постапка, во случај на давање изјава за потполно признавање на вина, може да заврши без изведување на доказите и веднаш да се премине кон изрекување на кривичната санкција, освен во случаите кога постои сомневање во вистинитоста на дадената изјава (чл. 454 ст. 2). По заклучувањето на главниот претрес, судот, веднаш преминува кон изрекување на пресудата, а писмено ја изготвува во рок од осум дена од денот на објавувањето. Доколку на обвинетиот му е изречена казна затвор, судот може да определи мерка притвор или да донесе решение за продолжување на времетраењето на мерката кога обвинетиот се наоѓа во притвор, при што притворот определен на овој начин може да трае најдолго до правосилноста на пресудата, односно до изрекувањето на казната утврдена во пресудата донесена од страна на судот. Постапката кон малолетни лица е регулирана во посебни одредби
содржани во Глава XXIX од Законот, при што посебно е нагласена итноста на постапката, а ова, оттаму што, органите кои учествуваат во постапката која се води кон 172 МРКК
Заштита на правото на судење во разумен рок во Законикот за кривична постапка на Црна Гора малолетни лица, судот и другите органи и установи од кои се бара да достават известувања, извештаи или мислења, должни се да постапуваат со најголема итност со цел завршување на постапката во што е можно покус временски период (чл. 476). Кога е во прашање судот, итноста на постапката е обезбедена со законските одредби со кои се предвидени наредните мерки: судијата за малолетници е должен еднаш месечно да го известува претседателот на судот за предметите кои се однесуваат на малолетници, а кои сè уште не добиле завршница; натаму, предвидени се рокови за преземање одделни процесни дејства; предвидена е должност за судијата за малолетници да го извести претседателот на судот за одложувањето на главниот претрес и причините за одложувањето. Итноста доаѓа до израз не само во однос на предвидените рокови туку и со оглед на брзината на работењето во рамките на пропишаните рокови и итност во постапувањето и онаму каде што не постојат законски определени рокови. 21 Што се однесува пак, до мерката притвор кон малолетни лица, судијата за малолетници по службена должност или на предлог на јавниот обвинител може да одреди притвор кон малолетник во случаите кога постојат причините предвидени во законот; притоа, судијата за малолетници може да не се согласи со предлогот на јавниот обвинител и да побара за тоа да одлучи советот за малолетници при истиот суд. Притворот кој го определил судијата за малолетници може да трае најдолго еден месец при што, советот за малолетници доколку за тоа постојат оправдани причини, може да го продолжи неговото времетраење, но најдолго за еден месец. По завршувањето на претходната постапка, притворот може да трае најдолго четири месеци доколку се работи за помлад малолетник, односно шест месеци во случаите кога се изрекува на постар малолетник (чл. 488, ст. 2, 3 и 4). Законот предвидува обврска за судијата за малолетници да го известува претседателот на судот еднаш месечно за предметите кон малолетни лица кои сè уште не завршиле, вклучително и за причините за траењето на постапката по одделни предмети (чл. 493). На овој начин, се обезбедува итност во постапката спрема малолетните лица. Судијата за малолетници должен е да закаже главен претрес или седница на совет во рок од 8 дена од приемот на предлогот на јавниот обвинител или од денот на завршувањето на подготвителната постапка или од денот кога на седница на советот е одлучено да се одржи главен претрес. За секое продолжување на овој рок, судијата за малолетници мора да има одобрение од страна на претседателот на судот (член 498, став 1). Главниот претрес само по исклучок се одлага или се прекинува, а пресудата односно решението мора писмено да се изработи во рок од три дена од денот на објавување на одлуката. Кривичните дела сторени на организиран начин според законот се итни и службените лица кои учествуваат во оваа постапка, по изречна законска одредба, должни се да постапуваат итно (член 508). Законикот за кривична постапка содржи одредби и за итноста на постапувањето на јавниот обвинител, а не само на судот. Така, по завршената истрага, јавниот обвинител е должен во рок 15 дена да поднесе предлог истрагата да се дополни или да поднесе обвинение или пак да даде образложена изјава за откажување од гонење. Овој рок, по предлог на јавниот обвинител, може да се
21 M. Grubač, B. Vučković, Komentar Zakonika o krivičnom postupku Crne Gore, treće izmijenjeno i dopunjeno izdanje, Tivat, 2010. g., str. 1231. год. 17, бр. 1-2, (2010) 173
Бранко Вучковиќ, Весна Вучковиќ продолжи со одлука на советот, најмногу за уште 15 дена. Овој рок е инструктивен и не повлекува правни последици. По повод контролата на обвинението, по службена должност или одлучувајќи по приговор на странките, ако се утврди дека постојат грешки или недостатоци во обвинението или дека е потребно подобро разјаснување на работите за да се испита основаноста на обвинението, советот може да му го врати обвинението на обвинителот за да ги отстрани недостатоците или истрагата да се дополни или да се спроведе. Обвинителот е должен во рок од 3 дена од денот кога му е соопштена одлуката на советот, да поднесе поправено обвинение или да понесе барање за дополнување, односно спроведување на истрагата. Од оправдани причини, овој рок може да се продолжи. Доколку јавниот обвинител го пропушти овој рок, должен е за причините за пропуштањето да го извести повисокиот јавен обвинител. Обвинението кое ќе се врати непоправено, советот го отфрла како неуреден поднесок, а постапката не се запира. Судот во постапката е должен со сите процесни средства со кои располага да ги отстранува дејствата на странките кои се сметаат за злоупотреба на правата и кои влијаат врз должината на траењето на постапката. Најголемиот број злоупотреби потекнуваат од одбраната: избегнување на главните претреси, менување на исказите, пренатрупување предлози, неоснованост на предлозите за изземање и други злоупотреби. 22 Долгото траење на кривичната постапка не е во спротивност само со барањето на државата за ефикасност на кривичната постапка и заштита на основните права на обвинетите, туку и на интересите на јавното мислење кои бараат брзо казнување, особено во случаите на тешките кривични дела. Законикот пропишува одредба во членот 223 за казнување поради одолговлекување на постапката, како можност, а не како обврска. Со парична казна во износ до 1.000 евра може да се казнат бранителот, полномошникот или законскиот застапник на оштетениот, оштетениот како тужител, приватниот тужител, ако постапките се насочени кон одоговлекување на кривичната постапка; за казнување на адвокатот или адвокатскиот приправник се известува Адвокатската комора чиј член е тој, а ако не му ги поднесува јавниот обвинител на судот благовремено предлозите или другите дејства во постапката ги презема со големо задоцнување и со тоа предизвикува одолговлекување на постапката, за тоа ќе се извести повисокиот јавен обвинител. Не ни е познато колку оваа одредба заживеала во практиката на судовите. Законикот за кривична постапка на Црна Гора 23, кој стапи на сила на 26 август 2009 година, со одложена примена за време од една година, освен одделни одредби кои се применуваат веднаш по стапувањето на сила на Законот, и одредбите во Глава XX Спогодување за признавање на вината, кои се применуваат по шест месеци од денот на стапувањето на сила на Законикот за кривична постапка (член 516, став 2), пропишува во член 303 дека кога решението за прифаќање на спогодбата за признавање на вината ќе стане правосилно претседателот на советот, без одлагање, а најдоцна во рок од 3 дена носи пресуда со која обвинетиот се прогласува за виновен во согласност со прифатената спогодба.
22 B. Pavišić, Zakon o kaznenom postupku s komentarom, literaturom i sudskom praksom, Zagreb, 1998, стр. 37. 23 Sl. list CG, бр. 57/09. 174 МРКК
Заштита на правото на судење во разумен рок во Законикот за кривична постапка на Црна Гора Меѓутоа, овој рок е инструктивен бидејќи неговото пропуштање не предизвикува штетни последици за процесните странки. 24 6. Кои се правни средства за заштита Правни средства за заштита на правото на судење во разумен рок пропишани се со одредбата од член 3 од Законот за заштита на правото на судење во разумен рок и тука спаѓаат: барање за забрзување на постапката (контролно барање) и тужба за правично задоволување. Барањето за контрола е правно средство за забрзување на постапката и е предуслов за поднесување тужба за правично задоволување. Содржината на барањето за контрола е уредено во законот и тоа ги содржи: називот на странката и нејзиниот правен застапник или полномошник, деловодниот број на предметот или други податоци врз основа на кои се определува предметот за кој се поднесува ова барање, податоци и околности од коишто произлегува дека постои непотребно одолговлекување на постапката или одолговлекување на донесувањето на одлуката во постапката, како и потпис на подносителот на барањето за контрола. Барањето за контрола се поднесува до судот во којшто се наоѓа предметот, а по ова барање одлучува претседателот на судот или судијата што со годишниот распоред на работните задачи во судот е определен да постапува по овие барања, можност којашто е предвидена само во судовите во коишто судат повеќе од десет судии. Законот во членот 11 ја предвидува и неможноста за постапување на претседателот на судот или на назначениот судија по поднесеното барање за контрола, и тоа само доколку се работи за барање за контрола на предмет во кој тој судија или претседателот постапуваат или веќе постапувале при вршењето на судиската функција; што претставува логично решение, затоа што барањето за контрола се поднесува токму поради определени недонаредности во постапувањето од страна на конкретниот судија или претседателот на судот. Во случаите кога не е можно да постапува претседателот на судот, тогаш по поднесеното барање за контрола одлучува претседателот на непосредно повисокиот суд, а доколку и претседателот на Врховниот суд не може да постапува, тогаш по ова барање постапува совет од тројца судии на Врховниот суд. Одлучувањето при барањето за контрола се врши во форма на решение, коешто мора да биде образложено, а одлуката мора да биде донесена во рок од 60 дена сметано од денот на поднесувањето на барањето. Со оваа одлука може да се утврди дека не е повредено правото на судење во разумен рок, и во тие случаи барањето за контрола се отфрла како неосновано; а во случаите кога ќе се утврди дека постапката е неосновано одолговлекувана, претседателот на судот во решението ќе го определи и рокот за преземање на определени процесни дејства, кој рокот не може да биде подолг од четири месеци. Наедно, тој определува и соодветен рок во кој судијата мора да го извести претседателот на судот или соодветниот судија дека ги презел наложените процесни дејства (член 18). Ова решение донесено од страна на претседателот на судот се доставува до странката и против решението со кое се отфрла или се одбива барањето за контрола, таа странка има право на жалба во рок од осум дена. По оваа жалба одлучува претседателот на непосредно повисокиот суд во рок од 60 дена сметано од денот на доставувањето на
списите. Повторно барање може да се поднесе по истекот на шест месеци од денот 24 M. Grubač, B. Vučković, Ibid, стр. 729. год. 17, бр. 1-2, (2010) 175
Бранко Вучковиќ, Весна Вучковиќ на приемот на решението со кое барањето за контрола е одбиено како неосновано, освен во случаите кога се работи за притворенички предмети или предмети поврзани со мерките за обезбедување на присуство и обезбедување предмети. Тужба за правично задоволување може да поднесе само странката што го поднела барањето за контрола, како и странката што поради објективни причини не била во можност да го поднесе ова барање. Ова право не им е дозволено на државните органи, органите на локалната самоуправа, јавните служби како ниту на другите носители на јавни овластувања што биле субјекти во судските постапки. Оваа тужба се поднесува до Врховниот суд на Црна Гора, најдоцна до шест месеци сметано од денот на приемот на правосилната одлука донесена во соодветните постапки, а во постапките за извршување на одлуките во рок од шест месеци од денот на приемот на правосилната одлука по барањето за контрола. Во однос на поднесената тужба до Врховниот суд, одлучува совет од тројца судии на Врховниот суд, при што советот е должен да ја донесе одлуката во рок од четири месеци сметано од денот на приемот на тужбата. При одлучувањето во однос на оваа тужба, советот донесува решение во случаите кога: тужбата е ненавремена; поднесена од страна на неовластено лице; доколку е поднесена без претходно да било поднесено барање за контрола, а странката објективно била во можност да го поднесе барањето или пресуда со која: го одбива тужбеното барање доколку утврди дека не е повредено правото на судење во разумен рок; одмерува правично задоволување на правдата преку исплаќање на паричен надомест во износ од 300 до 5.000 евра; определува правично задоволување на правдата преку исплата на паричен износ и статуирање на обврската за јавно објавување на пресудата; утврдува постоење на повреда на правото на судење во разумен рок и утврдува повреда на правото на судење во разумен рок со статуирање на обврската за јавно објавување на оваа пресуда. Досудениот паричен надомест заради правично задоволување на правдата поради повреда на правото на судење во разумен рок не го исклучува правото на странката да поднесе тужба до надлежниот суд заради надомест на причинетата материјална штета според одредбите на парничната постапка. 25 Со овој закон дојде до создавање на таква законска рамка, во која правото на судење во разумен рок доби сложен правен пат на заштита. Врз основа на Законот, на заштитата на правата од судење во разумен рок првенствено дејствува судската власт, Врховниот суд и Европскиот суд за човекови права. Ваквото решение се повикува на член 13 од Европската конвенција секого кому му се повредени правата и слободите што се предвидени со Конвенцијата има право на делотворен правен лек пред националните власти... Меѓутоа, за негова примена пресудни се резултатите кои укажуваат на наредново: најпрво од една страна да се одговори на прашањето дали станува збор за ефикасно средство, и од друга страна, дали со неговата примена ќе се поправи состојбата во поглед на правото на судење во разумен рок. Донесувањето на Законот е примарна цел, а крајна цел е ефикасна судска заштита на субјективните права во насока на прифаќање на временски граници што се однесува до траењето на постапката.
25 S. Vučinić, Ibid, str. 22. 176 МРКК
Заштита на правото на судење во разумен рок во Законикот за кривична постапка на Црна Гора 7. Заклучок Одолговлекувањето на кривичната постапка е неизбежен дел од критиката кон кривично-процесното право поради неможноста да се спротивстави на различните облици на криминалитет кој денес се манифестира во повеќе форми и секогаш е во пораст. Долготрајноста на кривичната постапкаги загрозува основните човекови права и слободи. Со тоа, особено е изразена потребата за изнаоѓање на такви структури на постапка кои би овозможиле брза постапка, поефикасна и соодветна заштита на индивидуалните права и општествените интереси, а тоа пак може да влијае на намалување на криминалитетот воопшто. Затоа сè повеќе се дискутира за правото на судење во разумен рок. А, кој е тој рок? За разумен рок може да се рече дека е тоа време кое е просечно потребно за да се утврди дали граѓанинот има определено право, или пак го нема истото пред судот, односно дали е потребно покренување обвинение пред судот против него, или не е. Овие права во Црна Гора се загарантирани со Уставот, со Законот за судовите и Законот за заштита на правата од судење во разумен рок. Кога станува збор за пресметување на разумниот рок, важно е да се определи денот на неговото започнување и денот на негово завршувањето. Рокот почнува да тече од денот кога службено е соопштено дека е сторено кривично дело, односно кога настапиле значајни последици во однос на состојбата на осомничениот (пресуда Eckle против Германија). При определувањето на понаредниот рок, се зема предвид целосниот тек на постапката, што ќе рече во него се вклучува и постапката по правните лекови. Европскиот суд за човекови права го прошири овој рок и во фазата на извршување на судските одлуки. Причина за ваквото пролонгирање е решителноста на европските судии да овозможат потполна делотворност на одредбите од Европската конвенција за заштита на основните човекови права и слободи. Според стојалиштето на Европскиот суд за човекови права, разумниот рок се оценува врз основа на наредниве критериуми: комплицираноста на случајот, однесувањето на тужителот и ставот на надлежните органи. Кога се зборува за судење во разумен рок во кривичната постапка на Црна Гора, важно е да се спомене дека во однос на истото, вметнати се одредби од меѓународни конвенции, по што изрично се пропишува правото на судење без одлагање во член 16, дотолку повеќе реформата на кривичното право во Црна Гора се стреми кон донесување на Законот за заштита на правото на судење во разумен рок. Донесувањето на Законот е примарна цел, а очигледно е дека проблемот на одолговлекувањето на судската постапка не може да се уреди со единствено решение, ниту пак може да се уредува со низа правила. Овој закон пропишува заштита на правото на судење во разумен рок, правично задоволување од повредата на ова право, начин и услови под кои оваа заштита се остварува. Законот се применува на судските постапки кои се покренати по стапувањето во сила на Законот и на оние судски постапки кои се покренати пред стапувањето во сила на Законот, а по 3 март 2004 г.-се утврдува повредата на правото на судење во разумен рок по 3 март 2004 г., меѓутоа се зема предвид и
траењето на постапката пред овој датум. год. 17, бр. 1-2, (2010) 177
Бранко Вучковиќ, Весна Вучковиќ Проблемот на судење во разумен рок бара сеопфатно внимание и создавање стратегија која ќе ги земе предвид сите причини и последици од доцнењето во кривичната постапка. Dr. Branko Vučković, Professor President of the Court in Kotor Professor of criminal and procedural law at the Faculty of Mediterranean Business Studies in Tivat Professor of International Criminal Law at the University Mediteran University in Podgorica President of the Association for criminal law and criminal policy of Montenegro Dr. Vesna Vučković, Professor Judge of the Court of First Instance in Kotor Professor of Basics of Forensics at the Faculty of Business Management in Bar and the Faculty of Mediterranean Business Studies in Tivat PROTECTION OF THE RIGHT TO A TRIAL WITHIN A REASONABLE TIME IN THE LAW ON CRIMINAL PROCEDURE OF MONTENEGRO Summary The authors of the paper analyze the issue of the protection of the right to a trial within a reasonable time in the Law on Criminal Procedure of Montenegro. The delay in the criminal proceedings is an essential part of the criticism of the criminal procedure law, as the authors point, because of the inability to confront various forms of crime which are manifested in different forms and are constantly growing. The long duration of criminal procedures threatens the fundamental human rights and freedoms. Therefore, there is a pressing need for finding such a structure of the criminal process that would enable a faster process, more efficient and more adequate protection of individual rights and social interests, which could influence the reduction of crime, in general. That is why there are more discussions about the right to a trial within a reasonable time. The authors conclude that the problem of a trial within a reasonable time requires comprehensive attention and a strategy that will see all the causes and consequences of the delay in criminal matters.