1
Издавач Медекс Груп, ДООЕЛ за Хелтгрупер 14 јануари 2014 година во Република Македонија од Хелтгрупер. Подготвено од Владимир Лазаревик Прегледано од Блашко Касапинов Дизајнирано од Соња Станковска Фотографии Здраве Митиќ
СОДРЖИНА Благодарност 4 Цели на Самитот 5 Покриеност во медиумите 7 Клучни пораки од учесниците 10 Отворање на Самитот Претседателство 12 Поставување на сцената: Кога е фер да се каже не? 16 Како општеството го создава и дистрибуира здравјето? 18 Поставување на приоритетите за јавното здравје 21 Распределба на средствата во Фондот за здравствено осигурување на Македонија 23 Социјални детерминанти за здравјето 27 Поставување приоритети и одговорност со разумност примарен фокус на медицината Норман Даниелс 32 Иновативните терапии како инвестиција, а не трошок 35 Пристапи за рационализација, и поставување приоритети 36 Здравствена политика и социјални детерминанти 39
БЛАГОДАРНОСТ Медекс Груп им должи голема благодарност на сите предавачи, панелисти, модератори, учесници и поддржувачи на Хелтгрупер Самитот Кога е фер да се каже не? Голема благодарност должиме до Крис Браун од Светската Здравствена Организација, канцеларијата за социјални детерминанти во Венеција, како и до г-ѓа Снежана Чичевалиева раководител на канцеларијата на СЗО во Скопје за финансиската подршка за реализација на Самитот. Исто така, сакаме да се заблагодариме до здружението Фармабренд Нова и нивниот претседател Драган Конески за финансиската подршка во насока на реализација на Самитот. Посебна благодарност должиме до Министерот за здравство Никола Тодоров за покривање на трошоците за професорот Норман Даниелс, како и на директорот на ФЗОМ Маја Парнарџиева Змејкова за активното учество во реализацијата на Самитот. Конечно сакаме да му изразиме голема благодарност на професор д-р Јован Тофоски претседател на Македонското Лекарско Друштво за континуираната подршка во развој и реализација на проектот Хелтгрупер од неговото основање во 2011 година. 4
ЦЕЛИ НА САМИТОТ Да се дефинираат основните принципи за правична дистрибуција на ресурсите наменети за здравјето и во здравството; Да се иницира процес на градење консензус меѓу главните чинители во здравствениот систем во врска со пристапите за правична дистрибуција на ресурсите; Креирањeто на здравствените политики да ги земе во предвид клучните социјални фактори кои влијаат врз здравјето; Правичната дистрибуција на средства во здравството е едно од најважните прашања во модерните демократски општества. Сè повеќе граѓани ја предизвикуваат власта како се трошат парите наменети за здравјето и здравството. Овие пристапи се важни како за земјите со социјален систем на здравствено осигурување, како што е Македонија, така и за земјите со систем на приватно здравствено осигурување. Кога пациентите имаат потреба од здравствена заштита, очекуваат да ги добијат потребните услуги и третман. Тогаш, системите се ставени пред предизвик како да излезат во пресрет на потребите на пациентите во услови на ограничени ресурси и како практично да спроведат фер дистрибуција на средствата наменети за здравјето и здравството. 5
ПОКРИЕНОСТ ВО МЕДИУМИТЕ Нова Македонија Секој политичар и министер одбира меѓу приоритетите. Политиката ќе биде толку успешна колку што успешно ќе бидат одбрани приоритетите. Да имаме се не е возможно, некогаш треба да кажеме не, но сепак треба да внимаваме, да носиме одлуки од кои бенефит ќе имаат најголем број на граѓани - рече Тодоров. Утрински Весник Само со превенција може да се каже не Не смее да се каже не само на превенција. Превенцијата може да овозможи поквалитет живот за сите граѓани и рано детектирање на сите заболувања кои медицината може да ги одржува и да ги лекува, рече Парнарџиева-Змејкова и додаде оти е потребна поголема грижа за животната средина, поздрав живот и повеќе спорт. Алфа ТВ Во организација на меѓународниот проект Хелтгрупер, во Скопје се одржa Вториот здравствен самит. Сител Втор здравствен самит Со превенција може да се каже не +инфо Само со превенција може да се каже не. Ова е заклучокот на Вториот здравствен самит што се одржува денеска во Скопје, во организација на меѓународниот проект Хелтгрупер. Здравство24 Само со превенција може да се каже не. Ова е заклучокот на Вториот здравствен самит што се одржува денеска во Скопје, во организација на меѓународниот проект Хелтгрупер. А1 On Само со превенција може да се каже не. Ова е заклучокот на Вториот здравствен самит што се одржува денеска во Скопје, во организација на меѓународниот проект Хелтгрупер. 7
Норман Даниелс Marry B. Saltonstall професор и Професор по Етика и Популационо Здравје на Харвард Школата за Јавно Здравје. Тој има напишано повеќе наградувани книги, советувал организации како што се Обединетите Нации, Светската Здравствена Организација и Комисијата на Претседателот на САД за Етичките Проблеми во Медицината. Тед Тулчински е професор на Школата за Јавно Здравје на Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим. Тој е автор на книгата Новото Јавно Здравје, и главен организатор на земјите од Источна Европа и поранешниот Советски Сојуз во развојот на новите Школи за Јавно Здравје. Крис Браун е заменик шеф на канцеларијата на СЗО за Европа за Инвестиции во Здравјето и Развој која се наоѓа во Венеција, Италија каде што работи од 2003 година и ги предводи активностите на подршка на државите подобро да ги интегрираат потребните помеѓу здравјето и социјалните нееднаквости. Никола Тодоров е Министер за здравство на Република Македонија. Дипломиран правник, поранешен Министер за образование и наука. Во периодот 2006-2009 бил на повеќе раководни позиции на јавни претпријатија. Маја Парнарџиева Змејкова е економист, магистер по монетарна економија, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Претставник на РМ во бордот на банка за развој на Совет на Европа, Париз. Никола Јанкуловски е Декан на Медицинскиот факултет во Скопје, и професор по хирургија на Универзитетската клиника за абдоминална хирургија. Јован Тофоски е претседател на Македонското Лекарско Друштво и поранешен министер за здравство. Тој е и потпретседател на Југо-Источниот Европски Медицински Форум. Невзат Елези е лекар специјалист по епидемиологија, поранешен декан на Медицинскиот факултет на Државниот универзитет во Тетово и претседател на Здружението на лекари Албанци во Македонија. Владимир Лазаревик е основач на Хелтгрупер и асистент на Институтот за социјална медицина. Служел како член на Постојаниот Комитет на Светската Здравствена Организација и како Извршен претседател на Регионалното Собрание на СЗО. 8
Даниела Миладинова е професор на Институтот за патофозиологија, и Продекан за меѓународна соработка на Медицинскиот факлутет во Скопје. Жидас Даскаловски e доктор на политички науки, претседател на Центарот за истражување и креирање политики и директор на Школата за јавни политики Мајка Тереза. Никола Пановски е доктор на медицински науки, професор по микробиологија на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој е поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување (2003/2006), и поранешен заменик министер за здравство (2002/2003). Снежана Костадиноска Милошеска е професор на Економскиот институт во Скопје, поранешен Државен сектретар во министерството за финансии и активно учествувала во креирање и спроведување клучни реформи во државата, реформи во здравството и јавната администрација. Борјан Павловски е доктор на медицина, моментално спроведува магистерски стуии по јавно здравје на Медицинскиот факултет во Скопје. Работи како координатор на програмата за јавно здравје и здравје на жените во Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените во РМ-ЕСЕ. Азис Положани е доктор на медицина, специјалист по пластична хирургија и вонреден професор на Тетовскиот Универзитет, вработен во Институтот за јавно здравје на Р. Македонија. Тој е поранешен министер за образование и амбасадор во Обединетите Нации во Женева на Република Македонија. Драган Ѓорѓев е професор при Медицинскиот факултет во Скопје, советник за јавно-здравствени политики на директорот на Институтот за јавно здравје во Скопје, и поранешен директор на Проектната единица за трансформација на здравствениот систем. Фимка Тозија е професор и шеф на Катедрата по социјална медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, советник за јавно-здравствени политики на директорот на Институтот за јавно здравје во Скопје, член на СЗО советодавната комисија за истражување во здравството во Европа. Данче Гудева Никовска е доктор на медицина, магистер по јавно здравство и координатор на проектот за контрола на ТБ во РМ, финансиран од Глобален фонд кој го имплементира Министерството за здравство. 9
КЛУЧНИ ПОРАКИ ОД УЧЕСНИЦИТЕ Колку што сме поуспешни во превенирањето на болестите, колку што повеќе се фокусираме кон одржувањето на здравјето, толку повеќе ќе имаме можности за инвестиции во нови технологии, во нови методи, во подолг животен век на нашите граѓани. Никола Тодоров - Министер за здравство Целта на овој денешен собир е да ги истакнеме и потенцираме поврзаноста помеѓу поширокиот контекст на креирање на здравствените политики кои ги земаат во предвид социјалните фактори кои влијаат врз здравето на луѓето, и да се фокусираме на поставување на приоритетите на еден јасен и транспарентен начин кој ќе биде од интерес за сите, а насочен со примарна цел кон постигнување правичност за здравјето Владимир Лазаревик - Основач и директор на Хелтгрупер Заклучокот до кој јас сум дошол е дека имаме право на разумен број на интервенции кои го унапредуваат и заштитуваат здравјето, под услови на разумен недостаток на средства, и дека нашите права се релативни во однос на општеството во кое живееме и во зависност од самата ситуација. Но правото за здравје не е само право на одреден број на услуги кои треба да ги добиеме, туку е и право да се заштити здравјето. И сите интервенции кои може да се направат во општеството со цел да се намали ризикот за здравјето може да имаат многу поголемо вилјание, отколку влијанието кое можеме да го направиме само кон оние кои се веќе болни. Норман Даниелс - Харвард Универзитет Тука е убиецот кој сакаме да го запреме. Луѓето умираат од мозочни удари, но тие кои умираат не би требало да умрат, поточно треба да умрат подоцна во своите животи. Мозочните удари може да се превенираат. Постои одличен менаџмент за мозочните удари, ако постои дури и умерен крвен притисок треба да се следат, и лекуваат доживотно, не само преку лекови, туку и преку вежби, но обврската на здравствениот систем на сите тие луѓе да им се обезбеди негата која им е потребна со цел да се одложи мозочниот удар. Тед Тулчински - Хебрејски Универзитет Неопходно е да имаме валидни податоци кои се базирани на истражувања и докази. Треба да се искористат сите достапни ресурси во насока на примена на пристапот здравје во сите политики што е одговорност на целата Влада. Фимка Тозија Институт за јавно здравје 10
Треба да научиме да работиме на триковите, како со исти средства да направиме повеќе. Сите чинители во здравствениот систем можат да придонесат. Владата има уште 20 сектори каде треба да се одвојат пари. Тешко е да се утврдат приоритетите, како што е тешко и во самите дејности да се постават приоритети. Но може да се направи повеќе, и треба да се менаџира поефикасно на сите нивоа. Маја Парнарџиева Змејкова директор на Фондот за здравствено осигурување Многу се зборува за лошото однесување дека пиењето е поврзано со лошото однесување, но всушност доказите покажуваат на нешто друго. Сиромаштијата е главниот предиктор за прераната смртност, многу повеќе отколку само лошото однесување кое е последица. Како да ги искористиме стратегиите за намалување на сиромаштијата и да го земеме здравјето како производ. Ако навистина сакаме да го намалиме товарот на незаразните заболувања мора да се работи со другите сектори. Крис Браун Светска Здравствена Организација канцеларија во Венеција Треба да решите дали е фер да кажете не, треба да одлучите и потпишете денес. Добавувачот нема да го однесе лекот ако не му се плати Така за едно дете се потрошија 300 000 евра, детето сега е момче и е живо. Многу тешко да се каже не Никола Пановски Институт за микробиологија Проблемот на социјалнити детерминати за здравjето е интерсекторски. Ако се види колку е присутно здравството во другите сектори, ке видите дека тоа е минимално. Кога на една седница на Влада се дискутира за здравje, сите мислат дека проблемот е само на министерот за здравство. Драган Ѓорѓев Институт за јавно здравје 11
ОТВОРАЊЕ НА САМИТОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО Претседателството на Самитот во состав проф. д-р Јован Тофоски претседател на Македонското Лекарско Друштво; Никола Тодоров, Министер за здравство; проф. д-р Никола Јанкуловски, Декан на Медицинскиот факултет; Маја Парнарџиева Змејкова, Директор на Фондот за здравствено осигурување; проф. д-р Невзет Елези, претседател на Здружението на лекари Албанци во Македонија. 12
ОБРАЌАЊЕ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НИКОЛА ТОДОРОВ Речиси сите ние кои денес сме тука со поголеми или помали одговорности, со директно или индиректно учество сме се соочиле со потребата да донесеме одлуки кои имаат директно влијание врз здравјето на луѓето. Кога ќе го кажам ова не мислам само на дирекното влијание на лекарите врз здравјето на своите пациенти, туку во предвид ја имам пошироката слика на влијанието кое се прави преку здравствените, социјалните, образовните, економските и другите политики кои ги креираме а чие влијание се одразува врз здравјето на населението. Многу често се запрашуваме дали сме постапиле соодветно, дали нашите одлуки биле правични, коректни, фер. Овие дилеми секогаш претставуваат голем предизвик. Предизвиците со кои се соочуваат здравствените системи во нашиот регион се многу слични. Сите се соочуваме со економски и социјални проблеми, имаме реален недостаток на средства, а потребите на населението за здравствените услуги се зголемуваат. Одвојувањето на средства наменети за здравјето и за здравството е секогаш во конкуренција со другите социјални добра како што се образованието, социјалата, и други сфери. Почитувани, Јас како министер за здравство постојано настојувам, и делумно успевам во тоа да се зголеми здравствениот буџет и да се обезбедат повеќе средства. Можам да кажам дека имаме успех, имаме нови инвестиции во опрема, во нови технологии, во реновирање на здравствените установи. Посебен фокус ставаме на обуката на кадрите кои работат во здравствениот систем. Оваа едукација, и инвестицијата во едукацијата очекуваме да даде долгорочни позитивни резултати. Сепак, покрај нашиот директен фокус на медицината и на здравството, а што е воедно и тема на денешниот настан е и влијанието на социјалните фактори или како што вие експертите ги нарекувате, детерминанти кои влијаат на здравјето. Со голем интерес вчера ги слушав сугестиите и предлозите на професорите Даниелс и Тулчински кои ќе ги одржат своите предавања подоцна во текот на 13
денот. Како министер за здравство се разбира дека сум директно фокусиран на здравствениот систем, но сум и целосно насочен кон утврдување на приоритетите во поширок контекст, кој ги надминува границите на медицината, а тоа е јавното здравје. За мене и за Владата приоритет се ивестициите во превенцијата, во справувањето со социјалните детерминати како што се пушењето, влијанието на исхраната и физичката активност, влијанието на надворешните фактори загадувањето на воздухот и водата, ризиците за менталното здравје, за благосостојбата, како и влијанието на повредите и сообраќајните незгоди на нашите патишта. Последиците на животниот циклус на нас граѓаните кои живееме со различни животни стилови, во различни социјални услови, со различно образование, со разлини пристапи до можностите имаат своја економска и социјална цена чија сметка на крајот се испорачува во здравствениот систем. И некој таа сметка треба да ја плати. Колку што сме поуспешни во превенирањето на болестите, колку што повеќе се фокусираме кон одржувањето на здравјето, толку повеќе ќе имаме можности за инвестиции во нови технологии, во нови методи, во подолг животен век на нашите граѓани. Овие предизвици се големи, и не се секогаш лесно прифатливи и за нас како креатори на политиките, но и за медицинската заедница. За да медицината може да ги излекува последиците потребно е да се обезбедат современи терапии, нови технологии, нови едукации и пристапи во работата. За да достигнувањата во медицината бидат уште поуспешни, потребно е да создадеме политики кои ќе бидат фокусирани на причините поради кои се јавуваат одредени заболувања кои можат да се одложат или да се контролираат. Се разбира, не можеме да ја одбегнеме смртноста, но може да го продолжиме животниот век. Во оваа насока како посебно достигнување сакам да го истакнам проектот Мој Термин, кој искрено очекувам да направи позитивна револуција во здравствениот систем. Можностите кои ги нуди проектот Мој Термин, посебно во делот на податоците кои преку 14 него се добиваат треба да бидат основа за многу нови истражувања, научни проекти чии придобивки ќе ги користат сите здравствени установи. Ова е можност да ги повикам сите млади истражувачи да ги искористат податоците кои ги нуди новиот систем. Да се вклучат и да помогнат во обезбедување на истражувачки студии кои ќе ми помогнат мене, но и на идните креатори на здравствени политки. Мојот повик е кон академските институции, но и кон невладиниот сектор, кон сите кои можат да дадат свој придонес. Во скоро време ќе објавиме и отворен повик во кој ќе побараме од истражувачките институции да ги посочат своите интереси во областа на здравствените политики. Така доаѓаме и до денес, и до прашањето кое на еден фасцинантен начин го одговара проф Даниелс, а тоа е како да постигнеме правичност за здравјето? Како да го унапредиме здравјето на популацијата и да ги заштитиме можностите и способностите на луѓето да функционираат како слободни и рамноправни граѓани? Како да ги пресретнеме здраствените потреби во услови на ограничени ресурси? Одговорите на овие прашања се од голема важност не само за мене како министер за здравство, но за нас во целина како општество. За да одговориме на овие прашања треба да ги утврдиме изворите на нашите согласувања и несогласувања во делот на поставување на приоритетите. Се разбира дека сите имаме различни приоритети. Тие кои се болни, сакаат да бидат излекувани. Тие кои се здрави, сакаат да останат здрави и да живеат долг и продуктивен живот. Но можеме и треба да направиме заеднички напори како во дефинирањето на приоритеите за здравјето да вклучиме колку што е можно повеќе актери и чинители. Во таа насока сакам да го поздравам денешнит Самит, да ви посакам успешна работа, и резултатите од денешните дискусии заеднички да ги преточиме во остварливи цели во интерес на подобрување на здравјето за сите нас. Ви благодарам.
ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ ДЕКАН НА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ Деканот Јанкуловски во своето излагање се осврна на потребата преку вакви собири да се подобри здравствениот систем и дека за да се постигне таа цел потребно е да се вклучат сите релевантни фактори. Посебен акцент во неговото излагање беше потребата од зајакнување на човечките ресурси. Во таа насока Медицинскиот факултет секогаш ги поддржува овие активности како преку едукативните програми кои се организираат во рамките на факултетот, така и во делот на соработка со странските универзитети. Само преку соработка и размена на искуства може да се придонесе кон подобрување на здравјето на сите граѓани. ПРОФ. Д-Р ЈОВАН ТОФОСКИ ПРЕТ- СЕДАТЕЛ НА МЛД Професор Јован Тофоски во своето обраќање пред учесниците на Самитот се осврна на потребата грижата на здравјето да биде обезбедена преку вклучување на сите фактори кои можат да придонесат во негово подобрување. Тој запраша која докторина треба да ја прифатиме во делот на поставувањето на приоритетите? Воената доктрина кажува настрана да се остават најтешко ранетите, а да им се помогне на овие кои може да се спасат. Тој се задржа на важноста на Самитот во делот на философскиот пристап кон решението и носењето на одлуките во делот на распределбата на средствата. Се осврна на научните публикации на професор Даниелс, и на пристапите кои ги предлага во делот на поставувањето приоритети за изнаоѓање решенија за проблемите во здравството. Ги наведе новите болести и карактеристиките на здравјето во 21 век. Направи поврзаност со новите дијагностики, како и потребата од обезбедување на нови терапии и нови технологии кои директно влијаат на продолжување и подобрување на квалитетот на лекувањето. Укажа на реалноста дека новите потреби генерираат нови трошоци, кои растат повеќе отколку што расте БДП во државите. Од тие причини државите се принудени да прават рационализација и да поставуваат приоритети. Посебен аспект во овој домен е потребно да се одвои на превенцијата и спречувањето на појавата на болестите. 15
ПОСТАВУВАЊЕ НА СЦЕНАТА: КОГА Е ФЕР ДА СЕ КАЖЕ НЕ? Целта на овој денешен собир е да ги истакнеме и потенцираме поврзаноста помеѓу поширокиот контекст на креирање на здравствените политики кои ги земаат во предвид социјалните фактори кои влијаат врз здравето на луѓето, и да се фокусираме на поставување на приоритетите на еден јасен и транспарентен начин кој ќе биде од интерес за сите, а насочен со примарна цел кон постигнување правичност за здравјето- истакна Лазаревик. Д-Р ВЛАДИМИР ЛАЗАРЕВИК, HEALTHGROUPER Д-р Лазаревик ја истакна важноста на Самитот кој не е само од интерес за Македонија туку и за земјите во регионот кој се соочуваат со исти проблеми во делот на прераспределба на средствата и поставување на приоритетите. Тој го поврза влијанието на социјалните фактори врз здравјето на населението, и цената која државите треба да ја платат доколу не се справат со овие фактори. Како пример ги наведе потребата здравјето да се гледа над медицината, го посочи загадувањето, влијанијата врз менталното здравје, како и сообраќајните незгоди. Се осврна на потребата да се влијае врз животниот стил на граѓаните. Во дел од своето излагање направи поврзаност на уметноста низ призмата на Густав Климт, медицината и социјалните фактори кои влијаат врз здравјето. 16
Во 1897 година австриската владата го ангажира Климт како веќе истакнат уметник да ги претставни уметнички факултетите на Виенскиот универзитет: философија, медицина, право. На Климт му се доделени три проекти (Philosophy, Medicine, and Jurisprudence). Како прв тој го претставува делото Философија во 1901 година. Второ е делото Медицина претставено во 1903 година. Претставете си ја Виена во времето на Семелваис, во периодот на промена на парадигмите и замената на мијазма теоријата за пренос и настанување на болестите, со откривањето на микроорганизимите и бактериите како преносители. Какви ли само биле очекувањата на лекарите, на професорите на медицинскиот факултет од делото кое требало да ја глорифицира медицината? - запрашува Лазаревик. Погледнете го резултатот, делото на Климт. На еден маестрален начин Медицината ја претставува во форма на Река на животот (River of life) во која се испреплетени разни човечки судбини, поврзани преку врската на мажот и жената во еден континуиран циклус. Централната фигура на левата страна е жената која го симболизира новиот живот преку рожбата претставена подолу. Долу во дното единственото нешто кое асоцира на медицината е античката божица Хигиа, и нејзината рака околу која е обвитката змијата, како симбол на лекувањето, но само до одреден степен. Разочарувањето на медицинската елита во тоа време е големо. Тие не можат да прифатат дека Климт и дава толку мало значење на медицината и нејзините достигнувања. Сметаат дека авторот ја омаловажил вредноста и не го прифаќаат неговото дело кое никогаш не е поставено на универзитетот во Виена. Делото Медицина е уништено во 1943 година, и ова е единствената останата фотографија. Денес, после повеќе од 110 години од делото Медицина, за мене е сеуште исклучително актуелно и инспиративно продолжува Лазаревик. Тоа дело го визуелизира животниот циклус и неговата социјална димензија која има директно влијание врз здравјето и судбините на луѓето. Во тој контекст медицината иако има големо, сеуште е со ограничено влијание и моќ да ги промени тековите. Лазаревик го заклучи овој дел од своето излагање со поставување прашање дали денес медицинските универзитети би се согласиле да го постават делото на Густав Климт со кое на медицината и се оддава само делумно значење во придобивките кон здравјето на нивните факултети? Така доаѓаме и до денес, и до прашањето кое го одговара проф Даниелс, а тоа е како да постигнеме правичност за здравјето? Даниелс посочува дека недостатокот да се унапреди здравјето на популацијата е недостаток да се унапреди неговото нормално функционирање, поточно да се заштити можноста или способноста на луѓето да функционираат како слободни и рамноправни граѓани. Лазаревик ги отвори суштинските прашања за кои ќе се дискутира за време на Самитот: Како да го дефинираме разумниот недостаток на средства? Кога е фер да кажеме не? Ние секојдневно поставуваме ограничувања, но прашањето е како да ги поставиме приоритетите, и како да го направиме тоа на еден фер и транспарентен начин, со што го најави и предавањето на професор Даниелс. 17
КАКО ОПШТЕСТВОТО ГО СОЗДАВА И ДИСТРИБУИРА ЗДРАВЈЕТО? Како општеството го произведува здравјето? Многумина од нас се пораснати со верувањето дека медицината го има главниот придонес кон здравјето. Но од популациона гледна точка има многу други детерминанти на здравјето. Генералното прашање е зошто здравјето е од специјално морално значење? Даниелс посочи дека е потребен систематски пристап да се одговори на прашањето зошто здравјето е посебно, какви се импликациите од нашите одлуки и каква е нашата меѓусебна обврска кон одржување и унапредување на здравјето. Тој ја посочи потребата од воспоствување делиберативен процес (дебата и преговори) во кој одлуките на членовите во групата ке се прифатат како легитимни и фер. ПРОФ. НОРМАН ДАНИЕЛС, HARVARD UNIVERSITY Дистрибуцијата на можностите за граѓаните е клучниот елемент во теоријата на правдата. Ако размислувате на здравјето како на пристап кон можностите, тогаш заштитата на здравјето е во директна корелација со обезбедување на правда во општеството. Ја посочи релативната важност на пристапот до медицината, во однос на другите фактори кои влијаат во општеството и врз здравјето. Во реалноста, многу од подобрувањата во општеството се должат на мерките на јавното здравје, чист воздух, безбедност на храна, работните услови, подобрувањето на едукацијата, приходите, итн... Најлесно е да се фокусираме на медицината, но има многу поддршка за здравјето во многу елементи во општеството. Но зошто тогаш толку 18
многу трошиме на медицина, а не на јавно здравје? Тоа во литературата е опишано како проблем на идентификација на индивидуите кои имаат акутна потреба од здравствена грижа, во однос на овие кои се водат само како статистички податок и се неидентификувани. Кога луѓето се здрави тогаш немаме потреба да мислиме на овие теми, но кога се болни тогаш тие се многу гласни. Неговото излагање продолжи во делот на односот помеѓу медицината и здравјето во општеството. Како пример професор Даниелс ја посочи дистрибуцијата на здравствениот статус на населението во селектирани држави, во однос на БДП, и животниот век на населението. Укажа на фактот дека дистрибуцијата на богатството (wealth) е важно, нo исто така потенцираше дека е од исклучителна важност и начинот на кој се креираат политиките во делот на здравјето. Прикажа податоци од кои може да се види дека има држави кои се сиромашни, но имаат одлични здравствени резултати. За пример посочи две држави Куба и Керала во Индија која има околу 34 милиони жители. Споредбата беше во делот на БДП по глава на жител, но кога се споредуваат овие држави дури и со побогатите во делот на здравствените индикатори тогаш резултатите се многу добри. Ја отвори дилемата како тогаш може некои држави да произведуваат добри здравствени индикатори, со толку малку пари? За пример го посочи одговорот за во Керала, кој му бил многу интересен. На почетокот Даниелс верувал дека причините за добрите резутлати на Керала се политички и во наследството на лево оринетираните политики на комунистичкото раководство. Но понатаму научил дека во Керала има мајчина наследност на сопственоста, поточно дека парите ги следат жените. Заклучокот до кој дошол е дека инвестициите во образованието, во жените директно, влијаат на здравјето, што е всушност една социјална детерминанта. Ова е надвор од здравствениот сектор, при што здравјето е подобрено со инвестиции надвор од здравството. Многу во здравјето е подобрено со други функции во општеството отколку едноставно преку медицината. 19 Ја отвори темата на тоа кога здравствените нееднаквости се не фер? И понуди две дефиниции и одговори при што ја цитираше дефиницијата од Светската Здравствена Ораганизација, Комисијата за социјалните детерминати која вели дека здравствените нееднаквости се не фер, кога истите можат да бидат одбегнати со разумни акции. Ги потенцираше двете цели на здравствената политика. Традиционалната е да се подобри здравјето на популацијата, но во последните декади има нова цел а тоа е да се прераспредели здравјето на фер начин. Овие две цели најчесто се заеднички и комплементарни, но може да бидат и разделени. Една од поентите кои произлегуваат за изворите на здравјето, се интервенциите во раната младост за кои е докажано дека имаат големо влијание. Колку подобро ги едуцираме децата, да научат да читаат рано, да интеракираат со средината на ефикасен начин, е многу значајно за подобрување на здравјето на популациите. Слично, условите за работа, кога луѓето имаат достап до добра работа, и кога луѓето кои се млади, независно од нивниот степен на образование, и тие не можат да добијат работа тоа е лошо за здравјето. Има многу фактори надвор од здравствениот сектор, и дистрибуцијата на богатството и приходите е многу важна. Како пример ја посочи нееднаквостите во приходите кои се зголемуваат во САД. Има многу ефекти врз здравјето кои доаѓаат надвор од здравствениот сектор. Неговите препораки за Македонија се базирани на општите и познати фактори. Првата е државата да се справи со нееднаквости во раниот развој на децата, кои мора да се адресираат ако државата е заинтересирана да направи фер дистрибуција за здравјето во општеството. Ја потенцираше потребата од руралниот развој, во споредба со фокусираниот развој во градовите. Клучната поента е дека сеуште не знаеме доволно за изворите на нееднаквоситите во Македонија. Од тие причини доброто истражување е важно за да се раководат здравствените политики. Потребно е да се направат истражувања базирани на докази. Податоците мора да се пре-
несат во вистински научни истражувања, да се направат достапни за истражувачите кои ќе ги зголемат капацитетот на здравствениот систем. За таа цел е потребно да се обезбеди достап до податоците со кои располагаат здравствените установи, министерството и Фондот. Во таа прилика Даниелс ја поздрави спремноста на здравствените власти да соработуваат во оваа насока со истражувачите, студентите и други страни кои ќе влијаат врз одлуките на креирање на политиките. Во заклучокот од своето предавање Даниелс ја посочи дискусијата за правото на здравје и правото на здравствена заштита. При што укажа дека тој на оваа тема размилсува како на пристап до фер начин до можностите. Но кои се придобивките од таквото право? Дали тоа е право на секаков вид на третман? Тоа е тема која бара многу повеќе дискусии. Заклучокот до кој јас сум дошол е дека имаме право на разумен број на интервенции кои го унапредуваат и заштитуваат здравјето, под услови на разумен недостаток на средства, и дека нашите права се релативни во однос на општеството во кое живееме и во зависност од самата ситуација. Но правото за здравје не е само право на одреден број на услуги кои треба да ги добиеме, туку е и право да се заштити здравјето. И сите интервенции кои може да се направат во општеството со цел да се намали ризикот за здравјето може да имаат многу поголемо вилјание, отколку влијанието кое можеме да го направиме само кон оние кои се веќе болни. Го заврши излагањето со акцентирање на потребата од јавно здравствените аспкети кои се суштински и централни во подобрувањето на здравјето на популацијата. 20
ПОСТАВУВАЊЕ НА ПРИОРИТЕТИТЕ ЗА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ ПРОФ. ТЕД ТУЛЧИНСКИ HEBREW UNIVERSITY Професор Тулчински го започна своето предавање со отварање нова перспектива на јавното здравје кое во модерното време има многу апликации кои порано ги немавме. Тој посочи дека постојат интервенции кои се ефективни и кои може да се искористат. Во тој контекст неговата дискусија се насочи во делот на тоа што можеме да го направиме во здравствениот систем, какви интервенции за кои знаеме дека даваат резултати можеме да воспоставиме. Тој се осврна на фактите. За пример го посочи животниот век на граѓаните во Македонија, во споредба со другите земји како на пример Израел. Разликите се евидентни, при што граѓаните во Израел во просек живеат неколку години подолго отколку жителите во Македонија. Тој акцентираше дека нееднаквостите како оваа во животниот век се наоѓаат не само помеѓу, туку и во самите држави. Ги презентираше податоците од дата базата на СЗО, Здравје за сите, според кои резултатите за канцерот на грлото на матката се пример за успех во Македонија, ако податоците се точни. Тој посочи дека ваквиот тип на интервенции, кои се во домен на здравствениот систем како што се скринингот, како и вакцината ХПВ за девојчињата се пример за успешни интервенции. Понатаму во својата дискусија се осврна на економиката во здравството и бројот на болничките кревети како централниот елемент во влијанието на трошоците. Тој прикажа податоци дека речиси во сите држави има драстичен пад на бројот на кревети. Намалување на бројот на болничките кревети Болниците се опасни места, таму луѓето добиваат инфекции, се случуваат грешки, има секаков вид на проблеми кои чинат многу пари. Ако ја погледнете дистрибуцијата на болничките кревети во државите во регионот, ќе видите дека има многу повеќе кревети во споредба со Израел. Тоj поентираше дека е потребно да се пренасочат средствата од болниците кон интервенции во делот на јавното здравје. Ја посочи Бугарија како пример за држава која сеуште оддржува многу висок број на болнички кревети. Потребно е да се прена- 21
сочи политиката преку подобрување на домашното лекување, примарното здравство, јавното здравје, и други сервиси. Тоа е докажано дека функционира во многу држави, со посебен осврт на Финска. Трошоците за здравството во Македонија се намалени во споредба со другите држави. Трошоците не ви даваат по автоматизам подобро здравје, туку начинот на кој ги аплицирате тие трошоци во здравството наменет за здравјето. Тука се кријат магичните куршуми. Тој посочи дека надворешните фактори се многу важни, но државите многу може да направат и во здравствениот систем. Превенција на мозочните удари Тука е убиецот кој сакаме да го запреме. Луѓето умираат од мозочни удари, но тие кои умираат не би требало да умрат, поточно треба да умрат подоцна во своите животи. Мозочните удари може да се превенираат. Постои одличен менаџмент за мозочните удари, ако постои дури и умерен крвен притисок треба да се следат, и лекуваат доживотно, не само преку лекови, туку и преку вежби, но обврската на здравствениот систем на сите тие луѓе да им се обезбеди негата која им е потребна со цел да се одложи мозочниот удар. Тој посочи дека оваа болест е една од причините што предизвикува разлика во морталитетот на македонските граѓани во однос на другите држави во Европа. Тука здравствениот систем може да биде ефективен. Потребна е едукацијата на жената која готви. Ако става сол во храната, тоа ќе влијае да се покачи крвниот притисок на нејзиниот сопруг кој има 45 години со што ќе му се намали животот за 5 до 10 години. Ова е еден од магичните куршуми за кои се знае. Програмата за имунизација во Македонија е солидна, но не е доволна. Ако не употребувате витамин К рутински за новородените тогаш тоа треба да го направите. Тој посочи на еден пример од САД каде мајките одбиле да им се даде витамин К на четири новородени 22 после породувањето во Тенеси, и децата умреле. Посочи дека не треба да се чека за да се аплицира пнеумококна вакцина за децата, исто како и за вакцина за инфлуенца. Потребно е да се соочите со најдобрите докази. Вакцинацијата спасува животи. А хоспитализација на децата е скапа. Ако имате деца кој боледуваат од астма, како и од други респираторни болести, тоа ќе ги принуди да бидат хоспитализирани што чини многу средства. Тој презентираше пример за развојот на срцевите заболувања во САД, при што го прикажа почетокот на промена на трендот и намалување на стапката на кардиоваскуларни заболувања, не директно како резултат само на медицината, туку поради намалувањето на пушењето, холестеролот, и директната поврзаност на овие фактори со морталитетот од одредени болести. Истакна дека стапката на кардиваскуларни заболувања паѓа постојано, и дека помеѓу нашите интервенции има многу работи кои може да се направат. За пример ја посочи пелаграта како болест од која жените умирале многу повеќе, од причини што некој истражувал дека болеста не е инфекција, туку е како резултат на неправилната исхрана. Го презентираше и искуството со сидата, каде се гледа дека трендот се менува во раните 90-ти години од минатиот век. Оваа промена настанува како резултат на здравствената промоција и едукација, и ова е успех на јавното здравје. Во својата дискусија се осврна на потребата од зголемена нега во заедницата при што фокусот да се посочи на сите сервиси кои може да се обезбедат за населението. Истакна дека е потребно да се направи внимателно планирање во здравствениот систем. Во крајот од своето излагање истакна дека државата има обврска и одговорност да го намали ризикот за својата популација, и дека тоа се заложби на јавното здравје.
РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА МАЈА ПАРАНАРЏИЕВА ЗМЕЈКОВА, ДИРЕКТОР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Маја Парнарџиева Змејкова ја презентираше распределбата на средствата наменети за здравство во Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. Таа посочи дека доколку имаме повеќе пари да ги намениме за здравјето, тоа ќе резултира со повеќе здравје за одвоените пари. Треба да научиме да работиме на триковите, како со исти средства да направиме повеќе. Сите чинители во здравствениот систем можат да придонесат. Се разбира дека Владата може да одвои повеќе пари за здравство, но има уште 20 сектори каде треба да се одвојат пари. Тешко е да се утврдат приоритетите, како што е тешко и во самите дејности да се постават приоритети. Може да се направи повеќе, и треба да се менаџира поефикасно на сите нивоа. Таа се согласи со повикот науката да ги користи податоците кои ги има ФЗОМ во истражувачки цели. Ние сакаме да се користат податоците од ДСГ (диjагностички сродни групи) груперот од 2009 година. Може да се направат многу добри трудови и анализи. Сакам да ги слушнам препораките како да се користи здравствениот денар. Посочи дека во 2014 година ФЗОМ ќе ги има електронизирани податоците за специјалистичките пакети со што ќе се отвори дополнителна можност за анализи и истражувања. Посебен осврт во нејзиното излагање беше потребата од подобра едукација. Истакна дека Здравствените работници се под притисок да ги слушаат и задоволат потребие и очекувањата на пациентите, но потребно е и да ги информираат пациентите дека антибиотикот 23
не е лек за се. Колку повеќе сме информирани ќе се грижиме подобро за нашето здравје, и за остварување на нашите желби. Во делот на осигурувањето на населението истакна дека околу 15% од граѓаните не се здраствено осигурени. Голем дел од овие граѓани и не се во Македонија. Сепак државата овозможува секој да биде осигуран. Она што е позагрижувачко, истакнува Парнарџиева Змејкова, е дека ¼ од нашата популација не плаќа за здравствено осигурување. За нив трошоците ги плаќа министерството, но тие го добиват она што им следува на сите други кои плаќаат со што ја отвори дилемата за одржливоста на системот за здравствено осигурување во услови на висока стапка на невработеност. Во понатамошниот тек на презентацијата се осврна на распределбата на буџетот во делот на здравствени услуги, компензации за породилни отстуства и боледувања. Истакна дека ФЗОМ околу 90% од своите средства ги добива од здравствениот придонес, 7% од министерството за труд за плаќање на породилни отсуства, и многу мал процент како трансфер од буџетот. Таа посочи деак иако во апсолутни вредности буџетот на ФЗОМ расте, во релативна смисла е стабилен, но во однос на процентот кој го има како дел од БДП бележи тренд на намлување, со што се отвараат прашањата за важноста на здравјето во однос на другите општествени приоритети кои ги поставува државата. Во делот на партиципацијата посочи дека не сите статистички региони во државата подеднакво партиципраат. Истакна дека има региони како Скопскиот кои партиципираат најповеќе и кои го носат на грб трошокот за сите останати региони. Учеството на регионите во вкупниот буџет на ФЗОМ не соодвествува и со нивната развиеност. Поточно, и покрај тоа што има региони кои се развиени, тие плаќаат помалку за здравствено осигурување. Се осврна на споредбените податоци од СЗО дека ние сме во групата на држави кои одвојуваме малку за здравствено осигурување. Во 2014 година се очекува значително да се зголемат средствата за превенција преку воведување на новата акциза, со што ќе постепено би се намалил товарот за лекување. Го посочи широкиот здравствен пакет, и ниската партиципацијата која во просек изнесува околу 8% што е на ниско ниво во споредба со земјите од ЕУ, каде истата е околу 20%, а голем број од тие држави се соочуваат со потребата да ја зголемат партиципацијата. Во Македонија и покрај финансиските проблеми, и со оглед на малата економска моќ не се планира зголемување. Дискутираше за состојбите во делот на позитивната листа на лекови во сите земји кои се во економска криза и кои го забраниле влезот на нови лекови на листата. Некои лекови постигнуваат многу поголеми заштеди, не само финансиски, туку и во квалитетот на животот. Во Македонија позитивната листа е составена од околу 1300 лекови, а вкупно се регистрирани околу 3000 лекови. Со тоа направи споредба со други земји дека покритието на позитивната л иста не е толку ниско, како што е случај во некои други земји. Се осврна на ортопетските помагала, кои исто така претставуваат голема ставка на трошоци и дека околу 400 помагала се на товар на ФЗОМ. Посочи дека листите на чекање за здравствени услуги не се користат, со исклучок на некои услуги како Фако метода. Но за другите услуги и да нема листи на чекање. Во делот на економската оправданост на новите технологии и интервенции истакна дека треба да се внимава во воведувањето на нови терапии и технологии, и дека истите е потребно да бида проследени преку кост бенефит анализи. За пример наведе клиника во Словенија која вовела нова метода, и побарала услугите да им бидат платени од ФЗОМ што довело до конфликт и одбивање од страна на Фондот да ги покрие тие трошоци. Во овој дел од своето излагање ја отвори дилемата дали сите услуги можат да бидат вклучени во во здравствениот систем, што се разбира дека економски е целосно невозможно. Од тие причини потребата да се постават приоритети се од суштествено значење. 24
Истакна дека цената на здравствените услуги веќе трета година се ревидираат, во споредба со Словенија каде се намалуваат. Сепак и покрај тоа што цените во Македонија се зголемуваат, факт е дека почетните позиции биле многу пониски. Се осврна на потребата да се контролираат буџетите, и начинот на купување на услугите да биде контролиран. Фокусот е кон транспарентен процес на работа со коморите, со здруженијата, каде и формално се договараат правите и обврските во взаемните односи. Се одвиваат и поединечни договори кои поминуваат преку Управниот Одбор каде има претставници од сите засегнати страни. Од 7 само 2 ца се претставници на Владата. Одлуките се ставени на веб страницата, и правиме годишен извештај кој е достапен за сите. Дилеми и ограничувања има постојано. Сите одговори, не се само во ФЗОМ. Сакаме да споредуваме дијализа со трансплантација на бубрег. Додека дијализата ни претставува само трошок, за жал сеуште немаме добри капацитети за зголемување на бројот на трансплантации на бубрег. Причините се повеќекратни. Идентичен пример посочи и за трансплантациите на хепар, каде пациентите се упатуваат во други земји. Некои заболувања и терапиите потребни за нивно лекување како на пример мултиплекс склероза трошат повеќе од 50% од буџетот на клиниката. Го отвори прашањето за споредување со други алтернативини третмани, но исто така ја посочи и одговорноста и социјалните трошоци кои не можеме да ги вреднуваме само во здравствениот систем. Секој прерано загубен живот се одразува на економскиот потенцијал, ако не се донесат одлуки да се вклучуваат и поскапи иновативни терапии. За нас лекувањето во странство имаме одлив на пари, и сме нападнати медиумски. Во делот на одвојувањата на средства за лекување во странство истакна дека само лани ФЗОМ имал 10 случаии на лекувања во странство кои чинеле околу 100 000 евра, додека за две лекувања се одвоени и над 500 000 евра. Тие изнесува 44% од нашиот буџет за леквање во странство. Овие 4 случаи го заменуваат буџетот на една општа болница. На крајот ја истакна потребата да се стави фокус на неодржливите ЈЗУ за кои се одвојуваат многу средства, додека тие во реалноста на испорачуваат здравствени услуги кои економски би ја оправдале нивната оддржливост. Ја потенцираше и сорботката со матичните лекари во делот на превенција на бубрежна слабост, дијабетесот и кардиваскуларни заболувања, со што очекувањата на ФЗОМ се дека раното откривање и превенција ќе го намалат притисокот за повеќе услуги. 25
ПРАШАЊА ОД ПУБЛИКА на овие лекови поставува голема тежина на здравствените системи, не мислам дека реткоста е проблем, туку влијанието и калкулацијата на кост ефективноста, ако заштита на овие луѓе во системот значи дека други луѓе со попревалентни состојби ќе бидат со проблеми кои можат да бидат надминати, и тоа е идеата на кост ефективноста, како да добиеме унифициран ефект, но верувам дека високата цена претставува тежина за здравствениот систем, не мислам дека има едноставен одговор. Весна Алексовска здружение на граѓани со ретки болести Една од поновите теми се ретките болести и како да се подобри животот на овие пациенти. Се работи на 6-8000 лица со ретки болести. Во МКД се работи на регистарот за ретки болести, економистите може и да не ги стават во предвид, но за пациентите се важни. Пациент како мене со Гоше-ова болест, да можам да работам, ниту пак да очекувам да живеам повеќе од 40 години. Кое е вашето размислување во однос на ретките болести и дали МКД може да работи на стратегија овој проблем да може да се реши? Норман Даниелс: Ова е многу сериозно прашање, работам со некои луѓе во Канада кои имаат средства да работат на оваа тема. Постои пристрастност во кост ефективните анализи, наспроти развојот на лековите и ова дава проблем кој треба да се адресира. Потребно е да им се дадат фер шанси за луѓето кои имаат ректи болести. Но цената Една болест која е превентабилна е Таласемија. Превентивниот пристап беше да се едуцира населението при што секоја бременост треба да се тестира. Не се сите ретки болести исти. Можеме да научиме како да се превенираат такви болести, но е премногу комплицирано да се дебатира истакна Тед Тулчински. Не може еден да одлучува со цел да се добие некаков договор. Има пациенти со карцином на простата, а кај нас нема лекови за третман на ова заболување кои се на позитивна листа. Никој не е Господ сам да решава истакна Тофоски со што ја поддржа дискусијата на Даниелс дека во здравствената политика главниот фокус треба да се стави на процесот на носењето на одлуките. Професор Кочова, ја потенцираше важноста дека превентивните програми имаат големо значење, особено преку нашите скриниг програми на педијатрија. Да се направи соработка во делот на дијагностиката, и дел од средствата да се пренасочат кон оние ретки болести кои ќе одат за дијагностика со цел пациентите да не се упатуваат во странство. 26
СОЦИЈАЛНИ ДЕТЕРМИНАНТИ ЗА ЗДРАВЈЕТО КРИС БРАУН СЗО ЕВРОПА (ВИДЕО ПРЕЗЕНТАЦИЈА) Крис Браун од СЗО во својата презентација дискутираше за најновите размислувања, докази и пристапи во делот на акциите кои се превземаат врз социјалните детерминанти со посебен осврт на моментот кога се случува овој Самит. Таа ги наведе активностите кои ги превземаат другите меѓународни организации во делот на социјалните детерминати. Нејзината дискусија се одвиваше низ три основни теми: Зошто е потребна акција врз социјалните детерминанти, Зошто сега, и Кои се можностите за спроведување на овие активности? Преку една приказна од животот на Снежана и Владимир ја илустрираше моќта на социјалните политики да им се обезбеди добар старт и континуирана поддршка низ животот на луѓето. Посочи пример дека дека во еден период од нивните животи овие две индивидуи остануваат без работа, но активните социјални политики им овозможуваат да се вратат и повторно да најдат работа, и со тоа да не останат на улица. Приказната продолжува дека како што стареат Снежана и Владимир имаат поддршка во сите сегменти од општествениот живот. Имаат заштеди, кои им овозможуваат да останат инволвирани во сите активности. Овој дел од презентацијата го поентираше со дилемата дека не се сите луѓе дел од оваа 27 успешна приказна. Посочи дека различните форми на нееднаквности, на намалени можности, на дискриминација кои се акумулираат во текот на животот поради разликите во поставување на приоритетите во распределбата на ресурсите доведуваат до здравствени проблеми многу порано отколку што тоа треба да биде. Клучното прашање кое го постави е како да успееме да им овозможиме на сите граѓани да имаат вакви можности. Во продолжение ги прикажа клучните социјални детерминанти низ цела Европа со акцент на етничката припадност, распределната на богатството, вработеноста, пристапот до образованието, и сиромаштијата. Сите овие фактори одлучуваат колку граѓаните ќе бидат здрави и како здравствените политики да ги адресираат овие фактори. Таа по-
сочи на политики кои се надвор од здрав- на некои докази. Ја посочи поврзаноста поствениот систем, но имаат многу влијание меѓу невработеноста која во некои држави врз здравјето. е и преку 50% помеѓу младите, и дека таа е директно поврзана со зголемување на кондобриот и здрав старт во животот, намалу- зумирањето на алкохол. На овие лица им е вањето на сиромаштијата всушност се стра- потребен континуиран пристап за време на тегии кои директно влијаат врз здравјето. По- целиот живот. Секаде каде гледаме високи тенцираше дека министерството за здравје стапки на алкохолизам, самоубиства, треба мора да направи поефективен пристап со да се вратиме наназад и да ги видиме причидругите сектори кои го подобруваат здравје- ните кои можат да бидат и поради невработо и детерминантите на здравјето. Посочи теноста. Ова е причината поради која здравдека образованието на мајките е силен ин- ствениот сектор треба да биде во соработка дикатор за здравјето на нивните деца пред со другите. Крис Браун. се во делот на обезбедување на квалитетна исхрана за своите деца. Истакна дека сиро- Го посочи влијанието на финансиската криза маштијата е директно поврзана со социјал- врз вработеноста. Министрите за здравје се ните политики кои можат да го подобрат ра- едни од најголемите работодавци. Тие можат ниот развој на децата. да бидат дел од активните политики за врасоцијалните трансфери имаат дирекно ботување, и да ги користат своите сервиси влијание врз подобрувањето на здравјето на во делот на менталното здравје, каде здравнаселението. Министрите за здравје можат ствената заедница може активно да влијае. да имаат влијание преку лобирање кое може да го подобри здравјето на децата. Многу се зборува за лошото однесување дека пиењето е поврзано со лошото однесуја отвори темата за незаразните заболувања вање, но всушност доказите покажуваат на кои се огромен предизвик при што посочи 28
нешто друго. Сиромаштијата е главниот предиктор за прераната смртност, многу повеќе отколку само лошото однесување кое е последица. Како да ги искористиме стратегиите за намалување на сиромаштијата и да го земеме здравјето како производ. Ако навистина сакаме да го намалиме товарот на незаразните заболувања мора да се работи со другите сектори. Направи поврзаност помеѓу стареењето на населението и потребата од континуирана поддршка низ сите фази од животниот циклус. Точно е дека мажите умираат порано, но жените се со полошо здравје. И овие карактеристики започнуваат во раниот живот, сиромаштијата, постaт повеќе акумулирани проблеми кои изнудуваат потреба од повеќе интервенции што е економски неодржливо за еден здравствен систем. Потребно е да се изнајдат покреативни пристапи како да се справуваме со одржување на здравјето во текот на целиот живот, а да се започне од првите денови. Да, точно е дека многу држави негуваат универзален пристап до здравствено осигурување. Но и покрај тоа, ние мораме да се соочиме со сите пречки кои го спречуваат пристапот. Универзалното осигурување не значи самото по себе дека добиваме еднаквост на изходите. За пример ги посочи Ромите кои имаат проблеми дури и со минималните трошоци. Во некои случаи посочи дека не се платени придонесите, некаде има недостаток на услуги, или тие се обезбедени, но не и доволно соодветно. Посочи ситуации каде можеби здравствените сервиси се тука, но формите кои треба да се пополнат не се таму. Мора да се видат сите пречки, сите фактори кои придонесуваат кон различните исходи. Понекогаш реформите на различните сектори водат кон негативни последици за здравјето. За пример ја посочи руралната реформа која во некои држави доведува до зголемување на невработеноста. Ова го посочи како активност на други сектори кои не произведуваат здравје, но нивните активности директно влијаат врз здравјето. 29
Зошто социјални детерминанти? Поради тоа што активностите во оваа насока придонесуваат кон остварување и на други општествени цели. Нееднаквостите кои настануваат како резултат на нарушеното здравје се директно поврзани со намалување на работоспособноста на населението. Ова влијае врз намалувањето на БДП за 1.4%, што пак се одразува на 15% на цената на социјалните бенефиции. Патот кон ЕУ е директно поврзан со намалувањето на нееднаквостите за здравјето и државите мора да изнаоѓаат начини како да ги намалат. Браун позочи дека 20% од нееднаквостите во здравјето се последица на причини кои можеле да бидат избегнати ако се преземени навремени мерки. Овој податок укажува дека намалувањето на нееднаквостите може да ја подобри ефикасноста за 20% што е економска категорија. Во финалниот дел од својата презентација Браун запраша, сега кога ги имаме доказите од една страна, да погледнеме каде е реалноста во која живееме? Посочи на постоење на различни агенди, на многу фактори, но истакна дека сега имаме уникатна можност сите заедно да успееме од причини што постои зближување на интересите од сите страни,односно од различни организации. Милениумските Развојни Цели признаваат дека може да се работи интегрирано на повеќе нивоа, заедно со УНДП, со ДГ Санко, СЗО Европа; економистите ги истакнуваат придобивките во работењето на Western Balkan Investment Framework, а ја презентираше и можноста да се работи преку сите овие агенции. Посочи неколку примери Таа за пример го посочи Годишниот преглед на социјалните трошоци (Social Spending Review) каде здравјето е прикажано како трошок, што треба да се предизвика од страна на јавно здравната заедница. Здравјето не е многу артикулирано во некои документи. Запраша Која е целта на нашите полити- 30
ки? Дека сакаме да им дадеме шанса на тие кои имаат најмали можности. Но како да го направиме тоа. Имаме 3 основни вида на политики како што се специфични здравствени политики, јавни политики, и развојни рамки за справување со сиормаштијата. Секаде треба да прикажеме како здравјето придонесува кон развојот на општеството. Ако го имаме доказите, вештините и ќе имаме можност да направиме разлика кон подобро за сите. 31
ПОСТАВУВАЊЕ ПРИОРИТЕТИ И ОДГОВОРНОСТ СО РАЗУМНОСТ ПРИМАРЕН ФОКУС НА МЕДИЦИНАТА НОРМАН ДАНИЕЛС ПРЕТСЕДАВАЧ: ПРОФ. Д-Р ДАНИЕЛА МИЛАДИНОВА, МЕДИЦИНСКИ ФА- КУЛТЕТ, ПРОДЕКАН 32 Во име на Медицинскиот факултет во Скопje, професор Миладинова го покани Норман Даниелс да ги изложи своето второ предавање во делот на поставување на приоритетите во медицината. Во втората презентација која ја оддржа професор Даниелс се осврна на пристапот кој не е фокусиран само на здравството, туку е погенерален во однос на одлуките кои ги преземаме за здравјето. Тој истакна дека здравјето е продукт на повеќе фактори, и дека преку размислувањето на оваа тема, ќе се дојде до констатацијата дека медицината е само дел од приказната, при што мораме да мислиме многу подлабоко. Многу од интервенциите кои се предлагаат стануваат се поскапи, и се повеќе се зголемуваат проблемите како да пристапиме кон решение на ваквите проблеми. Тој ги предложи алатките за поставување на приоритетите при што кажа дека економските алатки за поставување на приоритети, даваат само дел од одговорите, но не ја пре-
зентираат и целосната слика. Во секоја група луѓе кои размислуваат на овие прашања ќе има разумни несогласувања за тоа што е потребно да се направи. Посочи дека мора да имаме внимателен пристап на делиберација (дебата и преговори) со цел да ги разрешиме несогласувањата кои неминовно ќе се појават. Тој предложи воспоставување широк процес и пристап кој ќе ни посочи дека ни е потребна расправа, со цел да се разрешат несогласувањата и заеднички да дојдеме до легитимна политика за тоа што сметаме дека ќе биде фер во поставувањето приоритети. Во однос на потрошувачката за здравјето тој истакна дека ресурсите се проблем за сите земји, при што САД трошат дури 17% од БДП, што е нечуено, и повторно не се во можност да ги пресретнат сите потреби. И САД се соочени со проблемот како да кажеме не, на луѓето кои имаат потреба од некои интервенции. Но исто така посочи дека и покрај тоа што сите мислиме дека здравјето е многу важно, тоа е секогаш во натпревар со други добра како на пример образованието. Секое општество треба да се соочи со сите потреби и да изнајде решенија. Можеме да бидеме поефикасни, и тоа е важна задача, но постои конфликт помеѓу здрајето и останатите добра. 33 Даниелс направи споредба помеѓу економските алатки како што е кост ефективноста и неговиот предлог за поставување приоритети. Тој истакна дека кост ефективноста може да спореди различни состојби, но и таа има недостатоци зошто не вклучува многу фактори во делот на распределбата на последиците, и поради тоа е извор на многу етички критики. Оваа анализа кажува како да се добие најголем ефект за парите кои се потрошени, но не кажува кој го добива тој бенефит. На пример QALY како единица мерка која ја користи кост ефективната анализа се гледа како единица мерка, независно од тоа кој што добива. Тој посочува дека ова е дел од мантрата, или декларацијата на пропонентите дека оваа метода има заедничка единица за мерење. Но многумина од нас веруваат дека е важно кој добива бенефит од дадената интервенција. За нас е важно каде ќе биде поставена мерката за ефективност во текот на животот, и кост ефективноста во таа насока не ни кажува ништо укажува Даниелс. Професор Даниелс презентираше некои проценки за ферноста, при што ја прикажа споредбата да им се даде предност на тие кои им е најлошо. Ако се земе кост ефективноста тогаш ке кажеме дека не треба да им се даде предност на тие кои се наоѓаат во најлоша положба. При што потенцираше дека луѓето имаат различни гледишта, некои ќе кажат да им се даде предност на тие кои им е најлошо, некои ќе кажат никогаш не им давајте предност на тие кои им е најлошо, но најчесто најголемиот број разумни луѓе ја завземаат средна позиција. Проблемот е што оваа позиција никогаш не може да биде принципиелна. Тој илустрираше еден генерален проблем за кост ефективноста кој ги зема во предвид дистрибуцијата на бенефитите во различни фази од животот и во делот на тоа кој добива што, и посочи дека многумина од нас сметаат дека правичноста се однесува на делот кој добива што?. Што се случува кога имаме несогласувања во однос на тоа што се смета за фер или легитимно? Тогаш, посочува Даниелс, треба да се фокусираме не на принципите, туку на процесот за носење на одлуките. Тој предложи дека суштината на здравствените политики се содржи во процесот на носењето на одлуките, пред се од причини поради кои луѓето не можат секогаш да се договорат што им е најважно. Даниелс тврди дека во услови кога се нема јасно дефинирани стартни основи за принципите во прераспределба на ресурсите, треба да се земеме исходот на фер процес како нешто што е фер и легитимно. И токму ова е основна карактеристика на тоа што во философијата се вика пречистена процедурална правда (pure procedural justice). Немате договор за приниципите, ниту јасен стартен критериум. Некои од нас мислат дека при алокација на ресурсите во здравството потребно е да се даде приоритет на едни во однос на други, некои мислат спротивно, но нема јасно утврдени позиции. И затоа ни е потребен фер процес укажува Даниелс. Ако мислиме практично на процесите кои тре-
ба да ги воспоставиме, и дека исходот на таквиот процес ке биде фер и легитимен, тогаш може да дојдеме до малку поразличен изход од тоа што го мислиме за пречистена процедуралана правда. Даниелс направи споредба на дискусиите на филозофот Џон Роус кој ги спротиставува пречистена со нечиста процедурална правда и за пример го посочи кривичниот процес/судење. Во кривичното право имаме однапред утврдени принципи за тоа што е правда, поточно кои се критериумите за да некој биде осуден дека е виновен. На пример во кривичниот процес даваме докази кои мора да се сигурни дека некој е виновен, и сакаме да ги оптужиме само тие кои се виновни. Така процесот е фер, ислушани се сите сведоци, приложени се докази и донесена е пресуда дека некој е виновен. Но секогаш имаме простор, дека некои докази можат да бидат спротивни во однос на нашата одлука. Така на пример тој посочи можност по некое време во истиот кривичен процес да се појави нов доказ на пример ДНК анализа, која посочува кон сосема друга личност отколку кон таа која е обвинета. Се испоставува дека обвинетиот воопшто не бил на местото на злосторот. Во таа ситуација Даниелс дискутира дека мораме да го промениме исходот на судењето. Судскиот процес бил фер, но обвинет е погрешен човек. Овој пример го посочи дека претставува нечиста процедурална правда. Ние имаме однапред утврден критериум кој не раководи, но во текот на процесот можеме да погрешиме. За разлика, во пречистената процедурална правда немаме критериум за тоа што е фер. Даниелс посочува дека тоа што е фер мора да излезе од процесот. Во продолжение ги презентираше основните услови за кои смета дека е потребно таквиот процес да ги превземе. Посочи четири основни услови. Прво дека носењето одлуки мора да биде јавно, и мора да се објават и образложенијата позади одлуките. Мора да има образложение кое е резонирањето позади донесената одлуката, која е оправданоста која го поддржува предлогот. Тој посочи дека мора сите учесници во таа дискусија да се договорат дека резоните кои се посочени се разумни. Но продолжува понатаму и запрашува како да се одлучи што е разумно? За тоа е потребно да се сослушаат многу чинители. Во Македонија системот е јавно финансиран и управуван. Мора да има можност да се сослушаат колку што е можно поголем број чинители, пациентите и експертите, и да се има пристап до поширок консензус за тоа што е фер и легитимно во носењето одлуки. Фондот треба да идентификува истражувачки прашања до кои може да дојде преку анализа на податоците, и на тој начин да дојде до инпут за податоците преку кои може да се спроведат анализи. Во делот на здравјето улогата на јавноста е многу важна. Не бараме за сите одлуки да бидат објавени сите резонирања, но барам во здравството да бидат, инсистира Даниелс. Тој смета дека луѓето имаат право да знаат луѓето кои се одлуките кои вилјаат на нивното здравје, и ако се испостави дека одлуките не се конзистентни тогаш тие може да се отповикаат, но не и ако нема разумно резонирање позади таквите отповикувања. Како пример ја посочува потребата од воведување нови техноолгии во здравствените установи, но дури и во тие ситуации е потребно да има делиберативен процес преку кој ќе се образложат одлуките за усвојување на новите технологии. Во завршетокот од своето излагање Даниелс ја раскажа една анегдота за еден од министрите во Кина кој го запрашал дали моделот кој го предлага функционира. Кои се доказите дека ваквиот пристап ќе функционира? Оправдано е, но мора да има многу одлуки кои се во согласност со овие пристапи, можеме да имаме нешто што би се прифатило како легитимно, и можеме да имаме нешто што се смета дека е легитивно но објективноста е уште поглем проблем. Од причини што немаме критериум во делот на поставувањето на приоритетите мораме да го прифатиме исходот на фер процес, за тоа што е фер. Како ќе измериме што е фер ако немаме стартен договор што е тоа што е фер. Но исходот на овој процес може нема да соодветствува со тоа што некои луѓе го сметаат за фер, и така да одговорот на прашањето дали функционира пристапот кој го предлагам е Не знам. 34
ИНОВАТИВНИТЕ ТЕРАПИИ КАКО ИНВЕСТИЦИЈА, А НЕ ТРОШОК ДРАГАН КОНЕВСКИ ФАРМАБРЕНД НОВА Зошто иновативните лекови се инвестиција, а не се трошок. Иновативните компании инвестираат и го подигаат нивото на лекување. Да се обезбеди ран пристап до најдобрите лекови. Коневски дискутираше дека ценовната политика за лековите во Македонија овозможи да има најниски цени во регионот, и дека во овој дел голема заслуга имаат и фармацевските компании. Но проблемот е дека позитивната листа не се обновува. Посочи на потребата од неопходност да се продолжи преживувањето на болните, да се подобри квалитетот на животот на пациентите преку пристап до современа терапија. Тој исто така направи и споредба во делот во кои државите одвојуваат средства за здравството што е еден од индикаторите за кои државата и општеството го сметаат здравството за приоритет. Посочи две насоки: да се зголеми делот во буџетот кој се одвојува за здравство, како и да се управува подобро со здравствениот денар. Средствата одвоени за лекови се инвестиција и подобар живот, и подолг живот со подобар квалитет. Тој укажа на новите истражувања кои посочуваат дека иновативните терапии се основен фактор во справување со некои онколошки заболувања, при што голем број од малигните заболувања се претвараат во хронична болест. Дискутираше за инвестициите кои иновативните компании ги вложуваат во едукацијата која им е приоритет. Ја посочи потребата да се има добро информирани здравствени работници и одлично информирани пациенти. Колку подобро болниот ја разбира болеста и третманот, толку подобри ќе бидат резултатите од лекувањето. Укажа на потребата да се работи на етички и професионалне начин и во таа насока го претстави етичкиот кодекс на ЕФПИ (www.efpia.eu) кој е обврзувачки за иновативните компании. Тој ги претстави и заложбите на иновативните компании за кои е потребно во носењето одлуки да биде прифатен принципот на медицина базирана на докази. Посочи статистички споредбени податоци дека инвестициите во 1990 биле повеќе од 7 милијарди евра во Европа во истражување и развој, додека во 2012 година во Европа се инвестирани повеќе од 30 милијарди евра. Посочи дека фармацевските компании инвестираат огромни средства, време и потенцијал во делот на истражувањата. Потребни се околу 10 години од почеток на истражување, поточно околу 13 години една молекула да добие регистрација и маркетинг авторизација за да може да се употребува како лек. Ги презентираше фазите на развој на лекот. На крајот укажа дека лековите се мал дел од вкупните здравствени трошоци, и во Македонија проблемот е дотолку поголем што има тренд на намалување на трошоците во делот на здравството во однос на БДП. 35
ПРИСТАПИ ЗА РАЦИОНАЛИЗАЦИЈА, И ПОСТАВУВАЊЕ ПРИОРИТЕТИ Во панелот секој од учесниците ги дискутираше своите пристапи во справувањето со поставувањето на приоритетите. ПРЕТСЕДАВАЧ: НЕВЗАТ ЕЛЕЗИ ПАНЕЛ 1 МОДЕРАТОР: ЖИДАС ДАСКАЛОВСКИ НИКОЛА ПАНОВСКИ, МАЈА ПАРНАЏИЕВА ЗМЕЈКОВА, НОРМАН ДАНИЕЛС, АЗИС ПОЛОЖАНИ, СНЕЖАНА КОСТАДИНОСКА МИЛОШЕСКА Д-р Азис Положани укажа дека е исклучително тешко да се каже не кога на некого му е потребно лекување, и дека е тешко не да се прифати како одговор. Суштината е како да се направи што поретко да се каже не. Посочи дека во пристапот на таквите одлуки првично е потребно е да се процени ситуацијата каде се наоѓа Македонија во однос на другите земји. Со промена на демографската карта на државата и стареењето на населението ќе се зголемат и трошоците во здравството. Укажа на проблемот во делот на емиграција на високи и квалитетни кадри, со што дополнително се зголемуваат проблемите во делот на лекувањето и обезбедувањето на одржливост за развојот на здравствениот систем. Во споредба со другите земји прикажа податоци каде се гледа дека Македонија е рангирана многу ниско во однос на европските земји. Тоа може да биде и дел од одговорите зошто сме полоши во здравствените индикатори во однос на другите земји. Тој 36
ги спомна приватните трошоци и колку одвојуваат граѓаните за лекување. На крајот се осврна и на ниските примања на лекарите, со што се влијае дестимулативно врз здравствените професионалци кои бараат работа во странство. Исто така се осврна и на забелешката која Даниелс ја направи во делот на потребата од рамномерниот развој на државата во однос на Скопје и другите градови. Истакна дека е потребно е да се зголеми искористеноста на капацитетите во регионалните центри, со цел да се намали оптовареноста во скапите центри. Потребно е да се имплементираат здравствените пакети, како и можноста за дополнително осигурување. Да се одвојат повеќе средства за здравството, со цел да ги постигнеме европските стандарди. Инвестицијата во превентивата е најнеопходна. Снежана Костадиновска Милошевска ја посочи потребата да бидеме претпазливи во делот на трошоците во здравството. Додека ние оперираме со трошоците во јавниот сектор, практично и да немаме информации за трошоците во приватната потрошувачка. Ако се вкалкулираат и овие трошоци тогаш ќе видиме дека многу повеќе се троши за здравство отколку што тоа го прикажуваат официјалните бројки. Потребно е да се интегрираат статистиките во насока на европските статистики согласно методологијата. Таа посочи дека здравството секаде се справува и со социјалните прашања. Но ако ги поделиме здравствените системи на Бизмарк кој се базира на принципот на солидарност, и на Бевериџ кој се финансираат преку даночното оптеретување ќе се видат разлики. Таа ги предизвика принципите врз кој се поставени европските системи за социјална заштита и нивната оддржливост на долг рок, посебно ако се земат во предвид новите економски претпоставки. Го истакна проблемот на плаќањето за здравсвено осигурвање, при што и покрај одвојувањата кои осигурениците ги даваат за здравство сепак голем број од нив се лекуваат во приватното здравство. Запраша дали е тоа фер? Ја отвори и дилемата зошто на американците не им успева да воспостават задолжително здравствено осигурување? Никола Пановски потврди дека здравствените работници се потплатени во однос на администрацијата. Укажа на недоследноста на здравствената политика во делот на реформите која успеа да ги приватизираа здравствените работници во примарното здравство, но го изостави делот администрацијата. Тоа директно влијае да се зголемат трошоците, и да се оневозможи зголемување на приходите за здравствените работници. Професор Пановски потсети на едно интервју во кое дискутирал што е според него најправично да се одлучи по прашањето што е фер во делот на лекувањето. Го посочи примерот за една универзитетска клиника која како резултат на воведувањето на системот на буџетирање наместо 200 лекувани до тогаш пациенти, може да обезбеди терапија само за 60 пациенти. Кажа дека со цел да изнајдат решение побарале од докторите да направат селекција кои пациенти ќе бидат лекувани, но докторите одбиле. Тој во неформален разговор и посочил на новинарката дека можеби е најдобро е да се направи лотарија, за да таа вест биде објавена на насловната страница. Пановски истакна дека е исклучително тешко да се направат одлуки во вакви случаи. Се присети и на втор случај во периодот додека бил директор на ФЗОМ за одлука да се донесе лек фактор 7, одлука која треба да се донесе веднаш. Посочи дека цената на овој препарат во тој период била околу 6 милиони денари. Треба да решите дали е фер да кажете не, треба да одлучите и потпишете денес. Добавувачот нема 37
да го однесе лекот ако не му се плати Така за едно дете се потрошија 300 000 евра, детето сега е момче и е живо. Многу тешко да се каже не заврши Пановски. Во дебатата која се разви во панел дискусијата Норман Даниелс укажа дека не се согласува САД да се гледа како лидер во здравствените политики. Постои илузија која е стимулирана од приватни интереси дека добиваме тоа што го плаќаме. Ние во САД не добиваме еднаквост за тоа што го плаќаме. Сметам дека системот на САД води кон слаби резултати за голем дел од популацијата, и тоа не е систем кои Македонија треба да го следи. Во однос на можноста лекарите да кажат не во конкретни случаи на лекување, како и за делот на примањата на лекарите посочи дека тоа може да води кон неконзистентност на одлуките како се распределуваат парите. Тој посочи на потребата да се формулираат политики кои не ги рефлектираат само обврските на лекарите, туку во предвид гледаат на еден поширок аспект на придонесувачи на услугите кои се обезбедуваат во здравствениот систем. Многу е тешко да се направат одлуки до болничките кревети, и да се мисли на нив како одлуките кои се базирание на политики. Многу одлуки кои се направени од перспекитва на политиките на општеството ќе ги предизвикаат можностите на лекарите да се справат со тоа што се смета за фер. Постои конфликт на обврските помеѓу различните актери кој е потребно да се адресира. укажува Даниелс. Во однос на дилемата која ја отвори проф Пановски, професорот од Харвард укажа дека во некои случаи ни треба лотарија, но некогаш не. Можеби ако имате недостаток на средства во услови на зголемени потреби од конкрени услуги ќе ви треба лотарија за да одлучите кој што ќе добие. Но можеме да направиме и многу повеќе од лотаријата, преку добрите политики кои може да ги креираме. Маја Парнарџиева Змејкова ги посочи своите согледувања во делот на здравственотот осигурување и дилемата која се отвори во однос на одржливоста на здравственото осигурување. Потребно е да се направат подобрувања во здравствениот систем, и сите да придонесат, да дискутираат за сите прашања со цел да се донесе одлука. Јавноста да знае дека одлуките не се носат од едно лице, туку дека постои систем преку кој се носат одлуките. Укажа на потребата од подобрување на статистика, која не е целосна, и потребата да се обезбедат податоците за приватното лекување. Посочи на потребата од воведувањето на новата опрема, инвестициите во едукацијата во здравството, како и новите методи за лекување кои се битни и од кои веднаш се случуваат бенефитите за пациентите. Но исто така посочи и за потребата да се зајакне руралниот сегмент во развојот на здравствениот сисстем и на здравствените домови. Посочи на реформите кои министерството за здравство ги прави во делот на поддршката за руралните доктори. Да се направи лекувањето да биде колку што е можно поблиску до дома. Конечно, го акцентираше делот инвестициите за здравјето да се насочат со фокусот кон примарната здравствена заштита и превенцијата. 38
ЗДРАВСТВЕНА ПОЛИТИКА И СОЦИЈАЛНИ ДЕТЕРМИНАНТИ ПАНЕЛ 2 МОДЕРАТОР ВЛАДИМИР ЛАЗАРЕВИК ТЕД ТУЛЧИНСКИ, ДРАГАН ЃОРЃЕВ, ФИМ- КА ТОЗИЈА, ДАНЧЕ ГУДЕВА НИКОВСКА, БОРЈАН ПАВЛОВСКИ Во панелот за влијанието на социјалните детерминати помеѓу учесниците се разви дискусија за потребата од подобрување на достапот до податоци, за развој на нови истражувања и политики креирани врз база на докази. Драган Ѓорѓев истакна дека приоритетите се поставени, но постои дисконтинуитет на реформите. На почетокот фокусот на реформите беше на клиничката медиицна, во мал период на јавното здравје, но најчесто и народот и политичарите здравјето го споредуваат само со медицината. Како пример го посочи аерозагаувањето кое уште пред 20 години било алармирано кај властите, но се немало слух. Укажа на најнова студија во која се тврди дека годишно се трошат повеќе од 3 милиони евра само за санација на последиците од загадувањето на воздухот. Ова го посочи како пример за водење на лоша и неконзистетна политика во изминатите дваесетина години. Проблемот на социјалнити детерминати за здравjето е интерсекторски. Ако се види колку е присутно здравството во другите сектори, ке видите дека тоа е минимално. Кога на една седница на Влада се дискутира за здравje, сите мислат дека проблемот е само на министерот за здравство. Приоритетите не се само обврска на здравството, анализите се стручна категорија, потребни се квалитетни податоци и истражувања. Ако се види колку се одвојува за истражувања, ќе бидете дека практично нема истражувања во овој сегмент. Иако имаме стручни институции, имаме генерации тренирани експерти по јавно здравје кои се доволно компетенти за да подготват сценарија за излез од состојбите. Кое од тие сценарија ќе бидат прифатливи е веќе одлука на политичарите. Засега не ги користиме капацитетите кои сме ги створиле. Заложбата е дека аналитиката треба да биде стручна, да имаме автентични истражувања кои ќе соодвествуваат за нашите потреби. 39
Фимка Тозија ја потенцираше потребата од доказите кои ќе влијаат во креирањето на политиките. Потребно е да се имаат валидни податоци, и да се искористи потенцијалот, човечките ресурси со кои располагаме. Како пример го посочи истражувањето за управувањето во здравствот и 11 есенцијални јавно здравствени функции кое покажало дека најголем недостак е во делот на здравствената промоција и во научните истражувања. На здравствениот систем не треба да се гледа само како здравство, туку и на обврските кои ги имаме сите ние имаме обврска за здравје, во сите политики. Посочи дека зголемувањето на бројот на повредите, сообраќајните несреќи и покрај сите мерки кои се превземени покажува дека нешто не функционира. Таа кажа дека повредите се превенираат и потребно е да се превземат мерки. Иако нашата стратегија е соодветна, таа не функционира во пракса. Старите возила, патиштата и културата на возачите при што причинител е човекот. Да се намалат сообраќајните несреќи за 30% е една од целите на стратегијата, а затоа е потребно да се вклучат сите актери во општеството. Данче Гудева Никовска ја потврди потребата одлуките да се носат кои се базирани на докази кое и го бара Глобалниот Фонд како донатор. Таа посочи како пример резултат од истражување во кое се дошло до резултати дека околу 15% од домаќинствата не добиле здравствена услуга како резултат на трошокот кој го изнудува таквата интервенција. Не постојат истражувања кои се занмимаваат со оваа проблематика. Драган Ѓорѓев посочи дека еден од проблемите е и тајмингот. Кога може да се очекуваат првите ефекти. Политичарите бараат краткорочни ефекти, при што недостатокот на јавното здравје е дека резултаите се појавуваат многу подоцна. Потребен е косензус дека еднаш превземените мерки ќе се реализираат. Ефектите дури и да се превземат сега ќе дадат резултат многу подоцна во мандат на некој друг политичар. Борјан Павловски ги посочи проблемите со кои се соочуваат маргинализираните групи како Ромите кои живеат во сиромаштија, слабо образоавние, лошо домување, и бариери во делот на пристапот до здравствениот систем. Параправен пристап и мониторинг во заедницата, потребна е директна помош за овие граѓани. И најмалата парптиципација е проблем. Сакаме да ја зајакнеме заедницата да ги препознае своите права, и активно да ги бара. Не си ги познаваат основните права како резултат на повеќе фактори. Тед Тулчински го поздрави Самитот и исктана дека овие дискусии можеби и не можеле да се водат пред 10 години. За разлика од тогаш сега веќе имате развиен кадар, кој може да направи придонес. Капацитетите се изградени. Овој сосотанок е многу важен. Ова е дел од процесот. Се разбира дека парите се дел од решението. Но и осигурувањето треба да одвои дел од парите за истражувања. Тоа го истакнува пристапот на амеркинакците во финансирање на истражувањата. Но тоа е процес. Потребно е да се направи системот поефективен и поефикасен. Некои одлуки е тешко да се донесат, но мора да се направат. Ке резимирам дека мора да се знае кои се светските стандарди, што се случува во светот, што препорачуваат СЗО, ЦДЦ, кои произведуваат исклучителни извештаи. Не може да инвестирате во се, но може да учите од 40
другите. Од тие причини не треба да излеземе од овој Самит дека работите се лоши. Се разбира дека имате проблеми но ако се реашаваат работите случај по случај, тогаш ќе се изгради силен случај за инвестиции во одредени области. Во резимето на Самитот професор Тофоски го поздрави настанот и побара да се одржуваат почесто вакви настани. Здравјето не е грижа само на Министерството за здравство и ФЗОМ, и сите треба да дадат придонес за негово подобрување. Тоа е и концепцијата на СЗО 2020. Потребата на редукцијата на солта, и многу слични интервенции. Прашањето на имунизацијата мора да се потенцира како одлична заштита на општеството кој зема и негатвен тренд во комуникацијата со јавноста. Поставувањето приоритети во решавање на проблемите како и истражувањата бараат податоци. Иако е донесен законот за медицинска евиденција, нема податоци. Тие треба да бидат квалитетни. Да се поттикнат истражувачите да се користат податоците, за сите теми кои ни креираат грижа. 41
42