МАРТИН ТИСНЕ & ДАНИЕЛ СМИЛОВ. Темелна анализа. на документацијата за помошта дадена за борба против корупцијата во Југоисточна Европа

Similar documents
THREE PERIODS OF HEALTH SYSTEM REFORMS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA ( )

Implementation of Supply Chain Management (SCM) in pharmaceutical company, general principles and case study

Melbourne 21st - 30th September. Perth 6th October. Newcastle 6th October. Auckland 13th - 14th October. Sydney 24th - 25th November

70 th fiaf Congress 04 th 10 th May Skopje. Newsletter No.2

EX.VTP.MK FAVV-AFSCA 1/5

SEIZURES AFTER USE AND ABUSE OF TRAMADOL. University Toxicology Clinic, Skopje, R. Macedonia 2. University Neurology Clinic, Skopje, R.

Parte I: Informazioni sulla partita spedita /Дел I: Детали за испратената пратка

THE POSSIBILITY OF EDUCATION ABOUT RELIGIOUS CULTURE IN PUBLIC SCHOOLS

LEAD DISTRIBUTION IN SOIL DUE TO LITHOGENIC AND ANTHROPOGENIC FACTORS IN THE BREGALNICA RIVER BASIN

Programming the Microchip Pic 16f84a Microcontroller As a Signal Generator Frequencies in Railway Automation

Cloud Computing and Mobile Web Applications (120 ЕCTS)

PERFORMANCE OF HUMAN RESOURCE MANAGEMENT IN AN INTERNATIONALLY OPERATING COMPANY

Flow-Based Anomaly Intrusion Detection System Using Two Neural Network Stages

On Supervised and Unsupervised Discretization 1

MANAGING CUSTOMER RELATIONSHIPS IN PRIVATE HEALTH CARE FACILITIES - A STUDY WITH REFERENCE TO GREATER NOIDA CITY OF UTTAR PRADESH

DEVELOPMENT OF A SPREADSHEET BASED VENDOR MANAGED INVENTORY MODEL FOR A SINGLE ECHELON SUPPLY CHAIN: A CASE STUDY

Problem A. Nanoassembly

Chronic Fatigue Syndrome

make IT work Семинар: Семинар Модерно производство с европейско финансиране , ВУЗФ

Activated carbon from cotton waste as an adsorbent in the purification process of azo-dyes

Balloon Valvuloplasty as a Treatment of Congenital Aortic Stenosis in Children and Adolescents

The European Ombudsman

AN ABSTRACT OF THE DISSERTATION FOR THE DEGREE OF PHILOSOPHY IN THE SCHOOL OF LIBRARY AND INFORMATION MANAGEMENT

Myocardial Bridges: A Prospective Forensic Autopsy Study

Assessing the Sensitivity of the Artificial Neural Network to Experimental Noise: A Case Study

CURRENT TRENDS IN FUNDING NONPROFIT ORGANIZATIONS IN BULGARIA UDC 061.2(497.2) Denitsa Gorchilova

BIG DATA OPPORTUNITIES AND CHALLENGES FOR EDUCATION

Changes in Subgingival Microflora after Placement and Removal of Fixed Orthodontic Appliances

INCREASING SECURITY OF FINANCIAL INVESTMENTS: A COMBINED RISK MANAGEMENT - PROJECT MANAGEMENT - OPERATIONS RESEARCH APPROACH

WHITE SPOT LESIONS: PREVENTION AND MANAGEMENT DURING THE ORTHODONTIC TREATMENT

Natural and Zn exchanged clinoptilolite: in situ high temperature XRD study of structural behavior and cation positions

COMPLIANCE OF MANAGEMENT ACCOUNTING WHEN USING INFORMATION TECHNOLOGIES

Three-dimensional finite element stress analysis of SKY implant system

4. Надлежни орган / Competent authority/ competent myndighed. 4.1 Министарство: / Ministry / Ministerium:

SECOND CYCLE OF STUDIES IN SPORT MANAGEMENT READING LIST

MACEDONIAN STOCK EXCHANGE: DEVELOPMENT OF INVESTMENT BANKING AS OPPORTUNITY FOR LARGER INVESTMENTS IN NATIONAL ECONOMY

YouTube and political communication Macedonian case

Russian Introductory Course

Sensitivity Analysis Indicators of Economic Effectiveness

COMPARING AGILE AND PMBOK R COST MANAGEMENT * Nikolay Todorov

Coordinating services embedded everywhere via hierarchical planning

Impact of Educational Intervention on Prescribing Inappropriate Medication to Elderly Nursing Homes Residents

UNDERGRADUATE STUDY SKILLS GUIDE

IС A A RT Proceedings Volume 2. 5th International Conference on Agents and Artificial Intelligence. Barcelona, Spain February, 2013

ENTREPRENEURS' MOTIVATIONAL FACTORS: EMPIRICAL EVIDENCE FROM SERBIA

A POSSIBILITY OF SYNTHESIS OF HIGH-ALUMINA CEMENTS FROM DIFFERENT RAW MATERIALS

BULGARIAN LEGAL EDUCATION HISTORY AND NOWADAYS. GEORGE PENCHEV Lecturer in Environmental Law. University of Plovdiv - Bulgaria, PhD

COUTRY Competent Authority

ROLE AND IMPORTANCE OF KEY PERFORMANCE INDICATORS MEASUREMENT

Legal and Institutional Framework of Life Insurance in the Republic of Macedonia. Abstract

THE LEVEL OF PROCESS MANAGEMENT PRINCIPLES APPLICATION IN SMEs IN THE SELECTED REGION OF THE CZECH REPUBLIC

The course of understanding British and American prose and poetry by future managers

for eksport af kvæg til avl eller produktion fra Danmark til Serbien/ for export of cattle for breeding or production from Denmark to Serbia/

INTERNATIONAL ATOMIC ENERGY AGENCY REPORT OF THE 1995 ANNUAL MEETING EVES NATIONAL OFFICERS

Software and Hardware Systems for Abdominal Aortic Aneurysm Mechanical Properties Investigation

FEAR AND LOATHING: THE POLITICAL DISCOURSE IN RELATION TO MUSLIMS AND ISLAM IN THE BRITISH CONTEMPORARY SETTING

Subprogramme Leonardo da Vinci. Mobility, Partnerships, Transfer of Innovation

CONTEMPORARY CHANGES IN THE HOTEL PRODUCT FOR SPA AND WELLNESS TOURISM AND THEIR DISTRIBUTION

BES-III distributed computing status

2015 Term 4 Course Guide

THE ROLE OF QUALITY METHODS IN IMPROVING EDUCATION PROCESS: CASE STUDY

RELATIONSHIP BETWEEN THE EXTENT OF IMPLEMENTATION OF THE PROCESS MANAGEMENT PRINCIPLES AND THE LEGAL FORM OF THE BUSINESS AND BUSINESS ACTIVITY

UNIVERSITETI I EVROPËS JUGLINDORE ЈУГОИСТОЧЕН ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТ Е Т SOUTH EAST EUROPEAN UNIVERSITY SEEU REVIEW

How To Develop Digital And Information Literacy In Lse Undergraduates

LOCUS OF CONTROL AND JOB SATISFACTION: PSU EMPLOYEES

Letter to Editor STRATEGY OF REDUCING EXPENSES BY INTRODUCING E-LEARNING IN UNIVERSITY-LEVEL EDUCATION INSTITUTIONS

Available online at

Methodology of Modeling Hybrid Controller for University Management in Synergy with Industry

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА. ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО АНГЛИЙСКИ ЕЗИК 30 август 2016 г., Вариант 2

The European Union Prize for Literature. Thirteen winning authors

METHODOLOGY AND INSTRUMENTS FOR ANALYSING THE NETWORK OF SECONDARY VOCATIONAL SCHOOLS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

RELATIONS BETWEEN THE CHARACTERISTICS OF ENTREPRENEURSHIP AND THE BUSINESS OWNER: AN ANALYSIS OF SME S IN KONYA

AN EMPIRICAL STUDY ON YOUNG EXECUTIVES RESPONSE TOWARDS POP-UP AND BANNER ADVERTISEMENTS

MARI-ENGLISH DICTIONARY

Fuzzy social network analysis

CONCEPT OF STATE SOVEREIGNTY: MODERN ATTITUDES. Karen Gevorgyan 1

PERCEIVED VALUE, SERVICE QUALITY, CORPORATE IMAGE AND CUSTOMER LOYALTY: EMPIRICAL ASSESSMENT FROM PAKISTAN

ISSN X CODEN (USA): PCHHAX. The study of dissolution kinetics of drugs with riboxinum (inosine)

MEASURING PRODUCTIVITY OF SOFTWARE DEVELOPMENT TEAMS

FUNCTIONS OF THE MODAL VERBS IN ENGLISH (MODAL VERBS ANALOGIES IN THE RUSSIAN LANGUAGE) Сompiled by G.V. Kuzmina

Lamotrigine Augmentation in Delirium Tremens

Industrial Metrology and Interchangeable Manufacturing under the Viewpoint of Nanotechnology and Nanometrology

Mesenchymal Stem Cells Isolated from Peripheral Blood and Umbilical Cord Wharton s Jelly

PEDAGOGICAL UPTAKE OF TECHNOLOGY IN E-LEARNING FOR LANGUAGES: THE CASE OF NBU MOODLE

SUNFLOWER SEED FOR HUMAN CONSUMPTION AS A SUBSTRATE FOR THE GROWTH OF MYCOPOPULATIONS

План урока London sightseeing tour Гуськов Александр Игоревич МАУ СОШ 36

Available online at

FINANCIAL MARKET DEVELOPMENT AND CAPITAL STRUCTURE OF LISTED FIRMS - EMPIRICAL EVIDENCE FROM GHANA

DELIVERY PERFORMANCE MEASUREMENT IN AN INTEGRATED SUPPLY CHAIN MANAGEMENT: CASE STUDY IN BATTERIES MANUFACTURING FIRM

MODELING AND CONTROL OF THE ANTHROPOMIMETIC ROBOT WITH ANTAGONISTIC JOINTS IN CONTACT AND NON-CONTACT TASKS

EFFICIENCY OF SOLAR ROOF WITH TRANSPARENT COVER FOR HEATING SUPPLY OF BUILDINGS

Results-Based Management (RBM) Guiding Principles

Bradykinin Stimulation of Nitric Oxide Production is not Sufficient for Gamma-Globin Induction

Nataliia ZARUDNA MODERN REQUIREMENTS FOR ACCOUNTING MANAGEMENT FOR PROVISION PROCESS

Overview of Family Business Relevant Issues. Country Fiche Macedonia

Republic of Macedonia Ministry of Finance PUBLIC REVENUE OFFICE

Curriculum Vitae Yolanda Zografova

KINGDOM OF BELGIUM Royaume de Belgique - Koninkrijk België

Pipe fittings plant in Kolpino, Leningrad Regions

Transcription:

СЕРИЈА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ 2 0 0 4 МАРТИН ТИСНЕ & ДАНИЕЛ СМИЛОВ Темелна анализа на документацијата за помошта дадена за борба против корупцијата во Југоисточна Европа Регионална иницијатива на мрежата Сорос Фондации Ц Е Н Т А Р З А С Т У Д И И Н А П О Л И Т И К И Ц Е Н Т Р А Л Н О Е В Р О П С К И У Н И В Е Р З И Т Е Т ( Ц Е У ) М Р Е Ж А Н А С О Р О С Ф О Н Д А Ц И И

СЕРИЈА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ 2 0 0 4 МАРТИН ТИСНЕ & ДАНИЕЛ СМИЛОВ Темелна анализа на документацијата за помошта дадена за борба против корупцијата во Југоисточна Европа Документ за политиката нарачан и финансиран од Фондацијата Отворено општество за Албанија, Фондот Отворено општество Босна и Херцеговина, Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Фондацијата Отворено општество Софија Ц Е Н Т А Р З А С Т У Д И И Н А П О Л И Т И К И Ц Е Н Т Р А Л Н О Е В Р О П С К И У Н И В Е Р З И Т Е Т ( Ц Е У ) М Р Е Ж А Н А С О Р О С Ф О Н Д А Ц И И

Централноевропски универзитет Сите права се задржани. Ниту еден дел од овој документ не смее да се репродуцира во која било форма без дозвола од Центарот за студии на политики. Примероци од Документот можат да се нарачаат преку пошта или преку електронска пошта од ЦЕНТАРОТ ЗА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Nádor utca 9 H-1051 Budapest, Hungary cps@ceu.hu http://www.ceu.hu/cps ISBN 963 86569 1 3 ISSN: 1785-4377 Печатено во Унгарија во 2004 година Централноевропски универзитет Уредник Ракел Амброуз Дизајн и уредување Јудит Ковач Креатек ДОО. Печатено од Креатек ДОО. Ставовите изнесени во овој извештај ги претставуваат гледиштата на авторот, а не ставовите на Центарот за студии на политики, ЦЕУ, Будимпешта, или на некоја друга институција.

РЕЗИМЕ Врз основа на наодите од истражувањата во дваесет студии на случаи на проекти во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и во Македонија, финансирани од страна на донатори, во овој документ за политиката ги анализираме ефектите од петгодишните проекти за борба против корупцијата и од значајните кампањи за издигнување на јавната свест во регионот на Југоисточна Европа. Како појдовна точка документот го зема фактот дека и, покрај тоа што се чини дека проектите успеале да го зголемат барањето на јавноста за реформа, допрва треба да се изнајдат решенија кои се соодветни на оваа потреба. Авторите ги истражуваат и реформите или промените коишто се издвоиле како потребни, како резултат на проектите, но и тоа каков е успехот на решенијата што се применети досега. Неуспехот на донаторската заедницата да ги исполни високите очекувања на јавноста, кои беа поддржани во нивните проекти, се јавува во една вознемирувачка атмосфера на опаѓање на довербата во демократските институции во регионот. Документот ја нагласува потребата итно да се реагира на барањата на граѓаните. Авторите велат дека влијанието на разгледаните проекти воглавно било од краткорочен карактер, доколку воопшто го имало. Проектите, општо земено, не успеале да создадат самоодржлива група што ќе ја продолжи нивната работа, а во случаите кога бил постигнат успех, тој честопати-во голема мера-зависел од случајни фактори, како што е присуството на лице што посебно се залагало за тоа или исклучителното ниво на донаторски ресурси насочени кон еден приемчив клиент. Најуспешните проекти обезбедиле директни придобивки за една добро дефинирана група. Во сите случаи, намалувањето на корупцијата е наведено како една од суштинските цели на проектите. Сепак, врз основа на материјалите од интервјуата и извештаите од проектите, ниту еден од донаторите не изјавил дека нивните проекти ефективно ја намалиле корупцијата. Како 5

6 заклучок, документот укажува на тоа дека донаторите треба да настојуваат да создадат одржливо барање од страна на јавноста за долгорочна агенда за реална реформа и борба против корупцијата. Тоа може да се постигне со оддалечување од борбата против корупцијата,сама по себе, којашто се карактеризира со издигнување на јавната свест на високо ниво и со широки коалиции на НВОи, со мобилизирање на добро дефинираните групи зад фокусираните реформи во управувањето кои имаат јасно влијание и придобивки за оние кои се вклучени и со поттикнување на граѓаните да се борат против корупцијата преку демократски политички механизми на претставување поддржувајќи ја, меѓу другото, и реформата на политичките партии. Доколку реформите во борбата против корупцијата се вгнездени во политичките процеси и ги задоволуваат потребите на јавноста, долгоочекуваниот мобилизирачки потенцијал на антикорупциската агенда сепак би можел да се реализира.

БЛАГОДАРНОСТ Авторите би сакале да им искажат голема благодарност на сите национални истражувачи за нивната извонредна и напорна работа во изготвувањето на сите студии на случаи што го сочинуваат основниот материјал за овој документ: Зеф Преци од Албанскиот центар за економски истражувања и Алдо Бумци од Албанскиот институт за меѓународни студии, за нивната работа при изготвувањето на студиите на случаи за Албанија; Борис Дивјак од Транспарентност интернационал Босна и Херцеговина и Алмир Маљевич од Факултетот за криминалистика при Универзитетот во Сараево, за нивната работа во изготвувањето на студиите на случаи за Босна и Херцеговина; Раско Доросиев од Центарот за либерални стратегии и Вера Дакова, за нивната работа во изготвувањето на студиите на случаи за Бугарија, и на Ислам Јусуфи од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и Трајко Славески од Економскиот факултет, Скопје, за нивната работа во изготвувањето на студиите на случаи за Македонија. Авторите би сакале да им се заблагодарат и на Томас Каротерс од Карнеги фондот за меѓународен мир, на Иван Крастев од Центарот за либерални стратегии во Софија и на Андрас Сајо од Централноевропскиот универзитет, за нивната помош и за советите за методологијата за истражување, за значајните коментари за самиот документ, како и за инспирацијата за започнување на проектот. Авторите, исто така, би сакале да им се заблагодарат на вработените во донаторските организации, фондациите, НВОи и институтите за истражување, чиишто проекти беа разгледувани во овој документ, за нивната несебична помош при обезбедувањето пристап до информациите за истражувачите и за времето потрошено во одговорање на прашањата на истражувачите. На крајот, авторите би сакале многу да им се заблагодарат на Кинга Санто, Сара Свенсон, Сузана Габор и Виолета Зентаи од Центарот за студии на политики, како и на Јонас Ролет и Бека Вуко од Институтот Отворено општество, за нивната огромна помош во следењето и во заокружувањето на проектот. 7

8

ДОКУМЕНТИ ОБЈАВЕНИ ВО СЕРИЈАТА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИТЕ НА ЦПС Во потрага по влада што ќе реагира: Градењто на државата и екомонскиот пораст во земјите на Балканот Агендата Blue Bird за граѓанско општество во Југоисточна Европа 2003 година Општествениот капитал во Средна и во Источна Европа Димитрина Михаилова 2004 година 9

10

СОДРЖИНА I. Анализа на помошта дадена за борба против корупцијата во Југоисточна Европа 17 A. Зголемување на барањето на јавноста за реформи: Проекти на граѓанското општество 17 1. Претпоставки 17 2. Инструменти 21 3. Цели 24 4. Ефекти 27 5. Основни проблеми 34 Б. Обезбедување решенија за владата: Комплетни владини програми 39 1. Претпоставки 39 2. Инструменти 40 3. Ефекти 43 4 Оценка: мобилизирачка сила за реформа? 49 В. Обезбедување решенија за владата: проекти за институционални реформи 54 1. Општи претпоставки 54 2. Инструменти 55 3. Ефекти 56 4. Основни проблеми 59 Г. Забелешки присутни насекаде 60 II. Заклучоци 62 A. Состојба на стратегиско размислување 62 Б. Стратегиски импликации 64 1. Борбата против корупцијата се наоѓа на крстосница 64 2. Патот пред нас 67 11

12

ТЕМЕЛНА АНАЛИЗА Темелна анализа на документацијата за помошта дадена за борба против корупцијата во Југоисточна Европа од Мартин Тисне и Даниел Смилов Перцепцијата на јавноста за важноста на решавањето на проблемот со корупцијата во Југоисточна Европа достигна рекордно високо ниво. Во регионот што до неодамна беше во фокус на интересирањето на донаторската заедница, во поглед на обезбедувањето помош во борбата против корупцијата, проектите за борба против корупцијата кои се спроведуваат повеќе од пет години и значајните кампањи за издигнување на јавната свест доведоа до цврсто втемелување на оваа тема во современиот политички дискурс. Помошта во борбата против корупцијата во Југоисточна Европа стигна до крстосница, кога на корупцијата се гледа како на главно прашање на политиката, но резултатите во борбата против корупцијата главно се сметаат за незадоволителни. Проектите успеале да го зголемат барањето на јавноста за реформа, но допрва треба да се најдат решенијата кои се потребни за да се одговори на ова барање. Кризата на политичкото претставување граѓаните немаат доверба во нивните избрани лидери е најсериозниот проблем со кој се соочува регионот на Југоисточна Европа. Во еден неодамнешен документ за состојбата на демократијата насекаде во Југоисточна Европа, Иван Крастев пишува дека сè поголемата разлика што ја дели јавноста од елитите и растечката недоверба што ја чувствува јавноста кон демократските институции, се најистакнатите политички факти во земјите на Балканот во овој момент. 1 Економскиот пораст во регионот Кризата на политичкото претставување е најсериозниот проблем со кој се соочува регионот на Југоисточна Европа 1 Иван Крастев, Земјите на Балканот: Демократија без избори, Дневникот на демократијата 13:3 (јули 2002 година). 13

ЦЕНТАР ЗА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ - СЕРИЈА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ како целина, во најголем дел е среден до добар (со исклучок на Босна и Херцеговина), а се смета дека регионот е во криза на политички и на општествен план. За локалните набљудувачи, најголем дел од земјите од Југоисточна Европа се формални непартиципаторни демократии со корумпирани институции, каде што администрацијата, се чини е неспособна да направи промена во секојдневниот живот на луѓето. Досега, во текот на процесот на транзиција, граѓаните видоа како социјалната еднаквост опаѓа и се заменува со суровата нееднаквост на сегашниот систем. Ефектите од донаторската помош во борбата против корупцијата треба да се анализираат во рамките на ваквата состојба. Секаде во регионот, граѓаните стануваат сè поцинични за ефектите од кампањите и во реториката против корупцијата. 2 Во комбинација со сè помалата доверба во демократските институции, овој цинизам се заканува да ја намали поддршката што им ја дава јавноста на неопходните политички и економски реформи. Тековната ситуација е парадоксална. Неколку години наназад, реториката против корупцијата успешно се користи за мобилизирање на поддршка на јавноста во однос на политиките за реформа. Сега, кога јавноста станува сè пофрустрирана поради недостигот од видливи резултати во борбата против корупцијата, мобилизирачкиот потенцијал на активностите и реториката против корупцијата полека исчезнуваат. Во најлош случај, реториката против корупцијата ризикува да ја подгрева недовербата на јавноста во владата и во демократскиот политички процес и да го поттикне создавањето плодно тло за неконструктивна и популистичка критика на реформите, којашто всушност се јавува во улога на алтернатива на политиката. 2 Авторите ја дефинираат кампањата против корупцијата како заложба за реформа конкретно и експлицитно насочена кон борбата против корупцијата. Оттука, и националната стратегија против корупцијата и коалицијата против корупцијата, предводена од граѓанското општество, се квалификуваат под опшиот наслов кампањи против корупцијата. 14

ТЕМЕЛНА АНАЛИЗА Донаторите настојуваа вината за ситуацијата да им ја препишат на владите кориснички, аргументирајќи дека недостигот од политичка волја на владите за борба против корупцијата е главната причина за неуспехот на поголемите реформски пакети. Но прашање е дали недостигот од политичка волја е доволно објаснување за тековната ситуација и/или, пак, помошта во борбата против корупцијата можеби делумно придонесе за ваквата ситуација, разгорувајќи ја кризата на политичкото претставување со којашто се соочува регионот. Во оваа студија, мрежата на Сорос фондации и Центарот за студии на политики при Централноевропскиот универзитет се обидоа да ги истражат овие прашања анализирајќи ги ефектите од проектите за борба против корупцијата, финансирани од донатори и спроведени во регионот во последниве пет до седум години. Малку се знае за ефектите на помошта во борбата против корупцијата. Досега немало регионална студија за пошироките ефекти на проектите и за структурите на моќ и интереси погодени од истите. Анализирајќи ги ефектите, се надеваме дека ќе научиме зошто допрва треба да се очекуваат опипливи резултати од борбата против корупцијата, утврдувајќи дали овој недостиг од резултати е проблематичен и, можеби, контрапродуктивен, или пак едноставно ја покажува долгорочната природа на антикорупциската реформа. За оваа студија, мрежата на Сорос фондации и Центарот за студии на политики нарачаа преглед на проектите за борба против корупцијата финансирани од донатори и спроведени во четири земји во Југоисточна Европа имено, во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и во Македонија. Намерата на овој избор не е да се обезбеди сеопфатна анализа на сите проекти за борба против корупцијата во опфатените земји. Одлучивме да се фокусираме на проекти спроведени од страна на различни донатори, со различни мандати, но тежнеевме кон тоа повеќе да се концентрираме на сличностите меѓу проектите, отколку на разликите меѓу нив. Целта не ни беше да ги оценуваме донаторите или нивните проекти, туку да се обидеме да ја разбереме парадигмата што се разви кога станува збор за помошта во борбата против корупцијата во Југоисточна Европа. Донаторите, во голема мера, својот став за помошта во борбата против корупцијата го изградиле врз основа на примери од регионот во транзиција, што беше и првиот регион каде што се спроведуваа проекти за борба против корупцијата во периодот Малку се знае за ефектите на помошта во борбата против корупцијата 15

ЦЕНТАР ЗА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ - СЕРИЈА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ 1996/97 година. Веруваме дека анализата на состојбата во Југоисточна Европа ќе го продлабочи нашето разбирање за помошта во борбата против корупцијата во регионот во транзиција во целина, а онаму каде што е релевантно, ќе помогне на тој начин што ќе фрли светлина на проектите поддржани од донатори за борба против корупцијата во другите делови од светот. Во сите земји започнавме со правење попис на значајните (во смисла на буџетот) проекти за борба против корупцијата кои се поддржани од донатори. Од сите овие проекти избравме пет, во кои влегуваат поголемите спроведени проекти што се однесуваат на граѓанското општество и на институционалната реформа, како и на националните стратегии за борба против корупцијата и придружните владини структури и политики конкретно подготвени за борба против корупцијата. Покрај тоа, во сите земји избравме по еден проект спонзориран од мрежата на Сорос фондациите. Оваа методологија беше изготвена за да се направи широк и репрезентативен избор, со цел да се опфатат разновидни области коишто претставуваат цел во борбата против корупцијата. Истражувањето беше главно базирано на теренски интервјуа, направени од страна на локалните истражувачи одговорни за изготвување на најмногу пет студии на случаи во нивните земји. Истражувачите беа обучени од страна на Центарот за студии на политики при ЦЕУ и им беше дадено да пополнат методолошки прашалик, кој послужи како основа за студиите на случаи. Изборот на истражувачите беше одлучувачки фактор за успехот на проектот. Во секоја земја настојувавме да избереме истражувачи кои не беа професионално вклучени во формулирањето на стратегијата за борба против корупцијата или во спроведувањето на антикорупциската реформа, сè со цел да добиеме нови размислувања за оваа област. 16

ТЕМЕЛНА АНАЛИЗА I. АНАЛИЗА НА ПОМОШТА ДАДЕНА ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА A. Зголемување на барањето на јавноста за реформи: Проекти на граѓанското општество 1. Претпоставки Ја почнуваме нашата анализа разгледувајќи ги претпоставките за проектите, со цел да го реконструираме образложението за нив и да видиме дали нивното спроведување и резултатите од него ги исполнуваат почетните очекувања. Целта на документот не е да тврди дека оние кои ги изготвувале проектите за борба против корупцијата во Југоисточна Европа, на самиот почеток имале нереални очекувања во однос на можното влијание на активностите на граѓанското општество врз корупцијата. Изолирани, активностите на граѓанското општество не би можеле да влијаат врз корупцијата. Тие се само еден елемент од рецептот за успешна реформа, којшто вклучува и други фактори, како што е потребата за зголемување на политичката одговорност, создавањето конкурентен приватен сектор, зајакнувањето на институционалните ограничувања на моќта и подобрувањето на раководењето во јавниот сектор. 3 Претпоставките наведени подолу го опишуваат механизмот со којшто донаторите и оние кои ги дизајнираа проектите веруваа дека граѓанското општество би можело на било кој начин да влијае врз појавата на корупцијата, под услов да бидат присутни и другите фактори. Се претпоставуваше дека активностите на граѓанското општество се моќен механизам за вршење притисок, дел од еден процес што може-краткорочно, среднорочно и долгорочно-да донесе опипливи резултати. Пред да ги погледнеме односите меѓу активностите на граѓанското општество и пошироките реформски процеси, првично се фокусиравме на средствата со коишто донаторите настојувале да промовираат вклучување на локалните групи на граѓанското општество во борбата против корупцијата. 3 Види www1.worldbank.org/publicsector/anticorrupt/index.cfm 17

ЦЕНТАР ЗА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ - СЕРИЈА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ Иницијативите против корупцијата кои го вклучуваат граѓанското општество, а коишто ги анализиравме, имаат четири заеднички препоставки, 4 а тоа се: притисокот на граѓанското општество може, на одреден начин, да влијае врз одлуките на владата, дури и во случај на корумпирана или спротивставена влада; постои заемно разбирање меѓу донаторите и корисниците на помошта (владата, организациите на граѓанското општество, јавноста) за природата на корупцијата, а постои и заемно разбирање меѓу донаторите и корисниците на помошта за мерките неопходни за борба против корупцијата; корупцијата е неполитичко прашање, односно сите групи на граѓанското општество, од НВОи до приватниот сектор, и сите граѓани имаат заеднички интерес за постоење на средина без корупција; и познавањето на нивоата и на ефектите на корупцијата ќе ги мотивира граѓаните активно да се борат против истата. Претпоставката подразбира дека владата соодветно ја застапува јавноста за јавноста нејзе да и ја предаде моќта. Првата претпоставка го поставува фактот дека еден владин службеник, соочен со притисокот на јавноста, би ги занемарил придобивките на корупцијата и би одбрал да ги следи барањата на јавноста. Претпоставката подразбира дека владата соодветно ги застапува интересите на јавноста, за јавноста нејзе да и ја предаде моќта, или дека незадоволството на јавноста со политиките на владата ќе предивика реакции од страна на другите актери (донаторската заедница, меѓународната заедница, ЕЗ, НАТО) кои, пак, ќе имаат влијание врз владата. Основната идеја е во тоа дека политичарите се 4 Оваа глава се базира на анализата на следниве проекти: во Албанија, Намалување на корупцијата во Албанија (Албанската коалиција против корупцијата), поддржана од УСАИД; во Босна и Херцеговина, кампањата против корупција Надгласајте ја корупцијата, поддржана од ОБСЕ во периодот пред парламентарните избори во ноември 2000 година, Индексот на перцепции за корупцијата на Транспарентност интернационал во БиХ и Општествените ефекти на истражувачкото новинарство на Фондот Отворено општество во Босна и Херцеговина; во Бугарија, Коалицијата 2000, поддржана од УСАИД, како и Набљудување на приватизацијата на бугарскиот Телеком, поддржана од УСАИД и спроведена од Транспарентност интернационал Бугарија; и во Македонија, Културата на правото проектот корупцијата, поддржан од Европската иницијатива за демократијата и за човековите права (ЕУ), и Коалицијата за Македонија без корупција, поддржана од Фондацијата Институт отворено општество Македонија. 18

ТЕМЕЛНА АНАЛИЗА рационални актери кои се заинтересирани за тоа повторно да бидат избрани, па поради тоа реагираат на барањата и на она што го претпочита јавноста. Во поглед на граѓанското општество, се претпоставува дека групите на граѓанското општество се доволно блиски со јавноста за да имаат влијание врз неа и да ја претставуваат. Исто така, проектите во регионот главно земале здраво за готово дека придобивките од соработката со владата, во голема мера, би ги надминале трошоците од директното соочување со неа. Најголемиот дел од проектите на граѓанското општество коишто ги анализиравме го прифатиле ставот на неконфротирање и соработка со владата. Сите коалиции на НВОи кои ги анализиравме, како Коалицијата 2000 во Бугарија или Албанската коалиција против корупција, претендираа да не се доаѓаат во директен судир со владата. Групите на граѓанското општество мошне ретко беа во отворен судир со владата. Втората претпоставка е дека постои општоприфатено разбирање за природата на корупцијата и за мерките што се потребни за борба против корупцијата, во голема мера заеднички за донаторите, групите на граѓанското општество и за јавноста. На корупцијата се гледа како на единствената и најголема препрека за економскиот и за општествениот развој. Таа го попречува развојот, искривувајќи го владеењето на правото и заслабнувајќи ја институционалната основа од којашто зависи екомонскиот пораст. Корупцијата најштетно влијае врз сиромашните, саботирајќи ги политиките чијашто цел е намалување на сиромаштијата. Корупцијата, исто така, се претставува и како сериозен дефект на политичкиот систем, кој ја поткопува легитимноста на избраните функционери и на демократските процеси, воопшто. Се поттикнува јавноста на корупцијата да гледа како на причина за сите големи проблеми што се јавуваат во општествата во транзиција од економските тешкотии до прашањата на социјалната неправда и незадоволството од работата на демократските институции. Покрај тоа, претпоставката вели дека постои стандардизиран список на мерки за борба против корупцијата (наведен подолу), а активното граѓанско општество способно да изврши притисок врз владата е негов составен дел. Експертите за борба против корупцијата ја советуваат владата во поглед на политиките за борба против корупцијата, коишто се спроведуваат благодарение на политичката волја и поддршката од страна на јавноста. Доколку овие две работи постојат, не само што ќе се намали корупцијата, туку ќе има и Се претпоставува дека групите на граѓанското општество се доволно блиски со јавноста за да можат да дејствуваат во нејзино име и да бидат репрезентативни 19

ЦЕНТАР ЗА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ - СЕРИЈА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ Претпоставката тврди дека сите групи на граѓанското општество и сите граѓани имаат заеднички интерес за средина без корупција. видливи подобрувања кај многуте проблеми предизвикани од корупцијата, вклучувајќи ги и слабите економски резултати, социјалната неправда и недостатоците на демократските процеси. Третата претпоставка е дека сите групи на граѓанското општество од НВОи до приватниот сектор и сите граѓани имаат заеднички интерес во градењето за средина без корупција. Бидејќи трошоците за корупцијата ги сносат сите, борбата против корупцијата ги надминува политичките или етничките поделби. Донаторите на корупцијата гледаат како на прашање коешто се провлекува секаде и може да мобилизира широки коалиции на интереси. Во нашиот пример, коалициите на НВОи здружени во борбата против корупцијата ги регрутирале организациите учеснички од голем дел од секторот на граѓанското општество. Албанската коалиција против корупцијата, во почетокот на својот подем во 2001 година, вклучила широк опсег групи, опфаќајќи ги трустовите на мозоци, организациите за обезбедување услуги на заедницата, образовните и медиумските групи, како и бизнисите од приватниот сектор. Коалицијата 2000 во Бугарија, во својот Управен одбор вклучила членови на Парламентот, судии, НВОи и претставници од деловниот секторот. Македонската коалиција ги собра заедно здруженијата на невработените лица и младински организации. Последната претпоставка е дека актерите на граѓанското општество и, поопшто, населението, во голема мерка, или не се свесни за корупцијата или се свесни но ја толерираат, бидејќи не ги знааат доволно нејзините вистински причини и последици. Откако ќе им бидат дадени овие информации, тие ќе бидат мотивирани да формираат група за поддршка, којашто ќе ја стави под прашање владината документација за транспарентност, одговорност и интегритет. Најголемиот дел од проектите на граѓанското општество во земјите кои ги анализиравме вклучуваат компонента на едуцирање за јавноста, во најмала рака во почетните фази, кога како дел од пошироката кампања за издигнување на јавната свеста, граѓаните се информираат за причините и за последиците од корупцијата. Во Босна во 2000 година, во периодот пред изборите ОБСЕ промовираше кампања за борба против корупцијата, со цел од политичката реторика дебатата да се насочи кон последиците од 20

ТЕМЕЛНА АНАЛИЗА корупцијата (невработеноста, приватизацијата, непотимот, економските измами, итн.). Проектите што ги анализиравме се обиделе да создадат групи кои ќе ја поддржуваат антикорупциската реформа. Тоа го сториле издигнувајќи ја јавната свест за злото што го носи со себе корупцијата објавувајќи информации за нејзините причини и последици, со што се одело чекор понапред во толерирањето на проблемот од страна на јавноста и скептицизмот за тоа дали може да се бори против корупцијата. Правејќи го тоа, проектите на граѓанското општество објавиле редовни истражувања за нивото, центрите и за изворите на корупцијата, обично засновани на перецепциите на јавноста за корупцијата. Проектите покажуваат дека перцепциите за корупцијата се адекватен показател за вистинското ниво на корупцијата во една земја. 2. Инструменти Коалиции за борба против корупција Во регионот на Југоисточна Европа се појави моделот на големи коалиции за борба против корупцијата финансирани од донатори. Покрај споделувањето на информациите и следењето на гореспоменатите претпоставки, овие коалиции имаат и заеднички карактеристики. Коалициите обично вклучуваат: управен одбор, составен од поширок избор од преставници на НВОи, којшто одлучува за стратегиските насоки на коалицијата; редовни состаноци со јавноста; акционен план или рамка за политиката за борба против корупцијата, за да се обезбедат препораки за владата и за да се влијае врз нејзината работа; програма за малите грантови за коалицијата за спроведување на дел од акциониот план, за поддршка на целите на коалицијата, за изградба на нејзината одржливост и за развој на капацитетите на локалното граѓанско општество. Во регионот на Југоситочна Европа се појави моделот на големи коалиции за борба против корупцијата финансирани од донатори Сите коалиции што ги анализиравме се стремеле кон остварување на што е можно пошироко влијание, регрутирајќи членови од заедницата на НВОи, од трустовите на мозоци, истражувачките институти, медиумите и од бизнис заедницата. Коалициите биле и 21

ЦЕНТАР ЗА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ - СЕРИЈА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ широки по опфат и големи. Албанската коалиција против корупцијата, на пример, имала 180 членови, додека Коалицијата за Македонија без корупција регрутирала околу 80 членови. Во Албанија и во Бугарија, овие проекти беа двата најголеми проекта на граѓанското општество спроведени во овие земји, и обата со мултимилионски буџет во долари. Во сите случаи, коалициите зазеле неконфронтирачка позиција кон владата. 5 Нивните крајни цели биле издигнување на свеста за постоењето на самиот проблем и доаѓање во позиција од каде што ќе можат да работаат заедно со владата во насока на надминување на истиот. За остварување на втората цел, коалициите би требало да бидат временски одржливи, за да можат да го видат спроведувањето на реформите и постојано да вршат притисок. Големината и опсегот на активностите на коалицијата покажуваат дека поголемите коалиции го опфатиле најголемиот дел од другите инструменти наведени во овој дел. Коалицијата 2000 повеќе се фокусирала на истражување, АКПК-на градење на капацитетите на граѓанското општество, а македонската коалиција на јавната свест. Она што им е заедничко е дека сите се фокусирале на тоа владата да донесе и да спроведе антикорупциска реформа, по пат на притисок, со експертска помош или со обезбедување податоци за природата на корупцијата. 6 Во овој документ се фокусираме на нивните сличности. Мониторинг групи/ Кучиња-чувари Мониторинг-групите или кучињата-чувари ги бараат недоследностите во примената на законите од страна на владата и истите ги изнесуваат пред јавноста, со цел да ја натераат владата да реагира. Целта на мониторинг-групите, како и на коалициите против корупцијата, е да станат одржливи, за да обезбедат постојани средства за притисок врз владата. На пример, во Бугарија во 2000 година, локалната организација Транспарентност интернационал ја набљудувала приватизацијата на Бугарската компанија за телекомуникации. Образложението за овој проект беше дека високиот јавен профил на проектот (преку добро публикувана кампања во медиумите) ќе фрли доволно светлина на 5 Проектните цели и задачи на Албанската коалиција против корупцијата, финансирана од УСАИД, експлицитно наведуваат дека коалицијата треба да заземе неконфронтирачка позиција кон владата. 6 Поголемите коалиции во Бугарија и во Албанија беа слични на лоби-групи. 22

ТЕМЕЛНА АНАЛИЗА приватизацијата на Телекомот, за владата да биде приморана да ја спроведе транспарентно, наместо да ризикува да ја плати цената на јавна и меѓународна осуда. Кампањи за издигнување на јавната свест за борба против корупцијата Во кампањата за борба против корупцијата се користи комбинација на медиуми и инструменти за рекламирање, за да се промовира свесност за борба против корупцијата во одреден стратегиски момент. Исто така, може да се користи и уличен театар, средби со јавноста, разговори во радио-програми, телефонски јавувања, плакати и натпревари во пишување есеи, или други слични методи. Во Босна, ОБСЕ започна кампања за борба против корупцијата во периодот пред изборите во 2000 година. Целта на ОБСЕ беше да се зголеми знаењето на гласачите за причините и за последиците на корупцијата, со цел прашањето на корупцијата да стане едно од прашањата за време на изборите. Намерата на кампањата беше да се влијае врз широк репрезентативен примерок на населението, со објавување 200.000 едукативни брошури во босанските весници, со емитување на телевизиски и на радиоспотови во периодот пред изборите и со поставување на огромни билборди на влезот во големите градови, кои треба да ги охрабрат граѓаните, со паролата: Надгласај ја корупцијата да се врклучат во борбата против корупцијата. Во кампањата за борба против корупцијата се користи комбинација на медиуми и инструменти за рекламирање, за да се промовира свесноста за борба против корупцијата во одреден стратегиски момент Истражување на нивото или на локацијата и изворот на корупцијата Во нашите студии на случаи, групите на граѓанското општество се претставија себеси како главни локални обезбедувачи на истражувањата со детали за нивото или за центарот и за изворите на корупцијата во нивната земја. Истражувањата исполнија и една информативна цел подобри информации за донаторите при формулирањето на нивните стратегии за борба против корупцијата како и целта во поглед на издигнувањето на јавна свест. Истражувањето започна во исто време со големите кампањи за издигнување на јавната свест што ги преземаа овие групи. Во Бугарија, Коалицијата 2000 објави редовни тримесечни истражувања за размерите и за изворите на корупцијата во земјата, преку НВО што го спроведуваше проектот Центарот за изучување на демократијата. 23

ЦЕНТАР ЗА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ - СЕРИЈА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ НВОи ги објавија истражувањата за забележаното ниво на корупција во различните државни сектори или во даден сектор, со цел да ги поттикнат засегнатите институции да реагираат на нивните наоди. Во Босна и Херцеговина, локалната организација Транспарентност интернационал објавила истражување за корупцијата во Босна во 2002 година, во кое се претставени гледиштата на граѓаните за корупцијата во различните државни сектори. Извештајот предизвикал силна реакција од страна на медиумите и ги принудил засегнатите државни агенции да реагираат. Центарот за изучување на демократијата ја користел истата стратегија, објавувајќи годишни извештаи за проценка на корупцијата, во коишто биле наведени најкорумпираните институции во државата. На пример, во 2002 година како најкорумпирана институција било рангирано судството.за Во периодот на истражувањето, во текот на 2003 година, универзитетите се наоѓаа на врвот на овој список. Инструменти за техничка помош Покрај широкораспространетите медиумски кампањи и добро публикуваната истражувачка работа, групите организираа и тркалезни маси, конференции и работилници-и во главните градови и во локалните заедници-за да ја сензитивираат јавноста и НВОи за работа во рамките на борбата против корупцијата, и обезбедија обука за заинтерсираните НВОи, преку работилници и семинари. 3. Цели Без оглед на големината на проектите земјата или донаторот, на сите проекти на граѓанското општество кои ги анализиравме заеднички им беа една или повеќе од следниве цели: Да се зголеми транспарентноста и одговорноста/отчетноста на владата, преку вршење притисок од страна на јавноста Една од основните цели на проектите на граѓанското општество беше да се обезбедат рамноправни соговорници на владата, кои би лобирале и би вршеле притисок врз владата во насока на зголемување на мерките за транспарентност и за одговорност/отчетност. Да се издигне јавната свест Издигнувањето на јавната свест за ефектите и за причините на корупцијата беше централен елемент во улогата на граѓанското 24

ТЕМЕЛНА АНАЛИЗА општество во борбата против корупцијата. Најголем дел од средствата беа насочени за огромни медиумски кампањи, за рекламирање и за одење од врата до врата, за работилници и за конференции во главните градови и во руралните делови. Кампањите имаа за цел да изградат поддржувачко тело кое директно ќе врши притисок врз владата за спроведување на антикорупциската реформа, сметајќи дека владата е одговорна и дека на граѓанското општество ќе му го даде потребниот кредибилитет и потребната легитимност, за групите да бидат сериозно сфатени. Кампањите за издигнување на јавната свест го создадоа ова поддржувачко тело, обезбедувајќи и на јавноста информации за природата и за причините за корупцијата, со цел да ја мотивираат јавноста да преземе акција и да ја поддржи реформата, наместо да ја толерира корупцијата. Да се развие капацитетот на граѓанското општество Со охрабрување на групите на граѓанското општество да започнуваат проекти против корупцијата Во Македонија, во еден од првите посебни проекти за борба против корупцијата во земјата - Културата на правото наспроти корупција - во локалните заедници во Македонија беа испратени тимови и локалните НВОи и јавноста учеа за корупцијата и за нејзините ефекти. За да можат да ги стартуваат своите кампањи за издигање на јавната свест и за едуцирање на јавноста, НВОи требаше прво да бидат обучени. Проектите на поголемата коалиција во Албанија и во Бугарија имаа програми за мали грантови, наменети за локалните заедници, до кои тешко се стигнува работејќи од главниот град, и обезбедија обука за НВОи кои треба да ги извршуваат своите нови задачи. Со поттикнување на дијалогот меѓу граѓанското општество и владата, на тема борба против корупцијата Поамбициозната цел на овие проекти беше да се развие капацитетот на граѓанското општество, до степен кога тоа во оваа работа ќе може да ја вклучи и владата, обезбедувајќи и дополнителна експертска помош и препораки. Основната задача на Албанската коалиција беше да ја издигне позицијата на граѓанското општетсво до степен кога тоа ќе може да 25

ЦЕНТАР ЗА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ - СЕРИЈА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ воспостави дијалог со владата, која ќе го сфати сериозно. За да го направат тоа, групите на граѓанското општество прво треба да имаат поголемо знаење за корупцијата и да ги познаваат нејзините различни форми, пред да ја вклучат владата на некој позначаен начин. Целата прва година од работата на Албанската коалиција им беше посветена на групите на граѓанското општетсво кои работеле на утврдување на нивните приоритети и цели, и на активностите што ќе ги преземат за да ги постигнат истите. Кулминација на овој напор беше акциониот план за борба против корупцијата, изготвен од самите членки на Коалицијата. Благодарение на овој план, членките на АКПК ќе бидат во можност да обезбедат совети за политиката на владата за спроведување на Албанската национална стратегија против корупцијата. Да се обезбеди експертска помош за владата Проектите имаа за цел да ги воспостават неопходните структурни односи за владата да соработува со граѓанското општество во изготвувањето на нацрт законодавството и во спроведувањето на законодавството за борба против корупцијата: Така што владата ќе учествува во активностите на граѓанското општество Во Бугарија, членовите на Парламентот и претставниците на државните институции беа и членови на Управниот одбор на Коалицијата 2000. Во работните групи беа поканети и државни функционери од различни министерства, за да дебатираат за релативните предности на серија најдобри практики во борбата против корупцијата. Така што граѓанското општество ќе влијае на/ќе учествува во владиниот процес на донесување на одлуките И Коалицијата 2000, и АКПК и Македонската коалиција за борба против корупцијата ги имаат издадено акционите планови или упатства за борба против корупцијата, со цел да ги рашират и да влијаат на владините опции во поглед на политиките. Во случајот на АКПК, коалицијата успешно лобирала кај владата за еден од нивните членови да биде член на Одборот за мониторинг на спроведувањето на националната стратегија за борба против корупцијата. 26

ТЕМЕЛНА АНАЛИЗА 4. Ефекти На донаторите им беше тешко да го оквалификуваат влијанието на проектот врз една појава како што е корупцијата, што тешко може да се измери, а на секој обид за мерење можат да влијаат голем број ирелевантни фактори. Како реакција, донаторите изготвиле показатели или репери за успех, за да ги оквалификуваат и да се обидат да ги квантифицираат ефектите од нивните проекти. За успешни проекти се сметаат оние тука влегуваат речиси сите анализирани проекти кои оствариле еден или ги оствариле сите од наведениве ефекти: подигање на свеста за корупцијата; создавање нови структури за борба против корупцијата, и/или зајакнување на капацитетот на граѓанското општество. Овие репери можат да се сметаат за вистинска мерка на влијанието на дадените проекти, само доколку горенаведените претпоставки се потврдени. Во ниту еден случај не постоеше длабока анализа за влијанието на проектот, заснована врз анализа на претпоставките за проектот или за неговто широко влијание, без оглед на тоа дали били цел на проектот или не. Во нашето истражување, се обидовме да направиме подлабока анализа на проектите. Пред да ги анализираме општите ефекти од помошта дадена во борбата против корупцијата, застанавме да ги разгледаме резултатите на коалициите за борба против корупцијата - најголемите проекти на граѓанското општество спроведени во Југоисточна Европа. Зголемување на барањето на јавноста за реформи: Резултатите од коалициите за борба против корупцијата Коалициите успеаја да ја издигнат свеста на јавноста за значењето на корупцијата, како политичко прашање и како прашање на политиката, како значајна препрека за економскиот и за општетсвениот развој на една земја и за легитимноста на нејзините политички процеси. На пример, Коалицијата 2000 во Бугарија во голема мера ја смени политичката дискусија во земјата, ги принуди политичките актери да реагираат на прашањето на корупцијата и успеа да се постави себеси како извор на експертско знаење за мерките за борба против корупцијата. Сепак, Коалицијата 2000 и Коалициите успеаја да ја издигнат свеста на јавноста за значењето на корупцијата-и како политичко прашање и како прашање на политиката 27

ЦЕНТАР ЗА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ - СЕРИЈА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ другите коалиции што ги анализиравме не успеале да добијат поширока поддршка-ниту од граѓанското општетсво, ниту од јавноста, не успеале да изградат широка, и неполитичка група за поддршка на борбата против корупцијата или, пак, движење за борба против корупцијата. Во нивните рани фази, тие успеале да обединат широк спектар невладини организации, но овој почетен успех не бил одржлив и не преминал во позначајно долгорочно колективно дејствување. Во случајот на Коалицијата 2000, организацијата постепено се развила во тинк-тенк организација од висок профил којашто обезбедува експертиза или во лоби-група за донесување законодавни мерки за потиснување на корупцијата. Ниту широки ниту одржливи Коалициите не успеаја да гос стимулираат создавањето на еден вид универзално влијание што ќе биде присутно насекаде, а беше и нивната првична намера Коалициите не успеаја да стимулираат создавање на еден вид универзално влијание што ќе биде присутно насекаде, иако тоа беше нивната првична намера. Најголемиот дел од коалициите започнале во првите неколку месеци или во текот на првата година од своето постоење. Албанската коалиција против корупцијата во краток период на својот список имала180 НВОи. Првите состаноци и работните групи биле добро посетени и имале голема медиумска покриеност. Сепак, една година по нејзиното основање, во март 2002 година, само 30% од членките на коалицијата присуствувале на избирањето на моќниот Управен одбор на коалицијата. Во првата година од постоењето на коалицијата намерата била да се консолидира основата што ќе ја гарантира нејзината иднина и долгорочната позиција vis a vis владата. Во нивните рани фази, сите коалиции привлекле навистина репрезентативен примерок од секторот на НВОи во нивните земји. Но, по завршувањето на почетниот период на излегување во јавноста и откако ќе се потрошеле парите од грантот, интересот на НВОи почнувал да се губи. Истиот пример се однесува и на Коалицијата 2000 и на Коалицијата за Македонија без корупција. Во најголем број од случаите, коалицијата или се прегрупирала околу една централна НВО што се јавува како организатор, како што е случајот во Бугарија и во Македонија, или околу Управниот одбор, како што е случај во Албанија. Широките коалиции на интереси, како што се претставувале коалициите, не успеале да се материјализираат. Зачудувачки, обидите да се привлече поддршката на бизнисите за проектот не успеала во ниту еден од трите случаи. АКПК направила посебни 28

ТЕМЕЛНА АНАЛИЗА обиди да го привлече приватниот сектор, но не успеала да презентира докази што би ги убедиле во постоењето заеднички интерес. Претставниците на приватниот сектор кои се вклучени во една коалиција би имале многу поголеми придобивки од присутноста во јавноста и од контактите со владата, во споредба со оние што им ги овозможил проектот отколку од постигнувањето на мисијата на коалицијата. Според тоа, не постоел вистински поттик за учество за бизнисите. На коалициите се гледа како на премногу блиски до Владата Коалициите не успеале да останат доволно блиски до јавноста и да ја застапуваат, истата, за да ја придобијат нејзината доверба. Во Албанија и во Бугарија, коалициите се сметаа за премногу блиски до владите, на кои јавноста не им веруваше. Во Албанија, пак проблемот е уште поголем поради во голема мера негативниот став на јавноста кон актерите на граѓанското општество во земјата кои не се силни и кои се зависни од донаторите. За сето тоа време, коалициите не успеале да извршат некое значајно влијание врз политикта на владата. Неконфронтирачкиот приод на коалициите кон владата не бил во согласност со нивниот мандат на група на јавноста за вршење притисок. Јавноста не им верувала и под прашање го ставила нивното тврдење дека уживаат широка и репрезентативна поддршка. Коалициите останале без некоја цел, наликувајќи на лоби-групи, пред сè затоа што немале јасна група што ги поддржува, како и нешто за што би требало да лобираат. И покрај почетното декларирање на намерите, коалициите во поголема или помала мера,-биле политизирани или, во најмала рака, јавноста ги сметала за такви. Сите коалиции биле обвинети дека биле премногу блиски до владата. Коалицијата Македонија без корупција се издвојува. Кампањата на Коалицијата успеала да поведе политичката дебата во Македонија во периодот пред изборите. Одзивот на гласачите, 74%, се смета за рекорд на Балканот. Јасниот фокус на проектот на изборите, подразбира успех. Сепак, фокусот можеби придонел за неговиот ран крај, бидејќи бил тесно поврзан со новата партија на власт, а лидерот на коалицијата станал претседател на новосоздадената Државна комисија за борба против корупцијата. Коалицијата можеби навистина била независна, но јавноста не ја сметала за таква. Тоа е значајно, бидејќи намерата Неконфронтирачкиот приод на коалициите кон владата не одел во прилог на нивниот мандат како група на јавноста за извршување притисок. 29

ЦЕНТАР ЗА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ - СЕРИЈА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ на коалицијата била да стекне широка поддршката од граѓанското општество и од јавноста, и тоа на долгорочен план. Се зголемува јавната свест и очекувањата Ниту еден од проектите што ги аналзиравме не направил обид да го истражи влијанието на зголемената јавна свест за корупцијата врз политиките на владата Коалициите на граѓанското општество, кампањите за издигнување на јавната свест и проектите за мониторинг успешно придонеле за зголемување на свесноста за корупцијата како проблем во земјите на Балканот. Од еден од многуте проблеми, корупцијата стана најсериозниот проблем со кој се соочува целиот регион. Во медиумите и во политичките дебати повеќе се зборуваше за корупцијта, а тоа беше употребено од страна на донаторите за да го оправдаат успехот на своите програми. 7 Обете, и коалициите и кампањите за издигнување на јавната свест претставуваа инструмент за ширење на едноконкретно гледиште за природата и за негативните ефекти на корупцијата во општеството и за последиците врз економскиот и општествениот развој. Ниту еден од проектите што ги аналзиравме не се обидел да го истражи влијанието на зголемената јавна свест за корупцијата врз владините политики, и слдствено на тоа, на крајот и на намалувањето на корупцијата. Проектите чијашто цел не била само издигнување на јавната свест, туку и вршење притисок врз владата за да ги прифати реформите или давање препораки до владата, можеби не успеале да ги остварат главните цели, но се сметале за успешни со самото тоа што придонеле за зголемување на јавната свест за корупцијата. Во случајот на претходно споменатиот мониторинг извршен од страна на локалната ТИ на бугарската компанија за телекомуникации, владата го прифатила понудениот мониторинг, а потоа одбила да се согласи ТИ да има пристап до потребните информации или состаноци. ТИ јавно се повлекла од договорот, обвинувајќи дека не биле остварени стандардите за транспарентност. Проектот не придонел за ниту една видлива промена во политиката за приватзиација на владата, а сепак се сметал за мошне успешен. Главен резултат од проектот било 7 Проектот за мониторинг на ТИ во Бугарија, Индексот на ТИ во Босна и Херцеговина и Коалицијата Македонија без корупција, упатуваат на зголемена видливост на корупцијата во медиумите и на референците дадени во медиумите за нивните проекти, како знак на успех. 30

ТЕМЕЛНА АНАЛИЗА зголемувањето на јавната свест за недостигот од транспарентност во приватизацијата на државните фирми. Поради отсуство на активности за оценување, освен позитивните изјави за зголемената јавна свест и за сродните кампањи со висок профил што ја зголемиле видливоста на корупцијата, како тема во секојдневните јавни и политички дискусии, малку се знае за ефектите на проектите. Создавање на нови структури (НВО или владини) и на законодавство за борба против корупцијата Донаторите упатуваат на потребата од создавање на нови структури и на законодавство за борба против корупцијата, како на практичен резултат, позитивен опиплив резултат од проектите на граѓанското општетсво и како на показател за успех. Новото законодавство Во извештаите од проектите на граѓанското општество се вели дека едно од нивните најголеми достигнувања било успешното лобирање за донесување на одредени делови од законодавството. Најзабележителен е случајот на Албанската коалиција, којашто успешно лобирала за закон за пријавување на средствата/имотот на политичарите и на високите државни службеници, што било обележано како еден од досега најголемите успеси на коалицијата. Владата, во почетокот се спротивставила на овој закон, но подоцна донела дел од него поради притисокот на коалицијата и поради притисокот на Одборот за мониторинг на националната стратегија за борба против корупцијата (коалицијата има еден член во Одборот). Сепак, поважен е мониторингот на ефективното спроведување на законот, отколку на преостанатиот дел од содржината, и неговото донесување од страна на Советот на министрите, а владите во регионот се слаби во спроведувањето. Коалициите успеале да лобираат за конкретни делови од законодавството. Во Бугарија, Коалицијата 2000 е заслужна затоашто го туркала спроведувањето на законот за омбудсманот. Проектите на граѓанското општество имаа голем успех во воспоставувањето дијалог меѓу граѓанското општество и владиниот апарат. Не може да се негира нивното влијание во оформувањето на јавната политика. Сепак, во сите случаи влијанието на групите на граѓанското општество било многу под 31

ЦЕНТАР ЗА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ - СЕРИЈА СТУДИИ НА ПОЛИТИКИ очекувањата на јавноста во однос на потребата од драматични промени во јавното владеење во однос на кадарот и политиките потребни за посериозен приод за решавање на корупцијата. Кампањите за издигнување на јавната свест ја зајакнале перцепцијата на јавноста за тоа дека се потребни длабоки промени, за да се реформира во основа корумпираниот политички систем. Како споредба, малите победи извојувани од страна на организациите на граѓанското општество го загубиле своето значење и многу брзо довеле до разочарување од работата на граѓанското општество во борбата против корупцијата и до опаѓање на довербата во коалициите и во другите актери на граѓанското општество. Парадоксално, телата создадени за да ја мобилизираат и да ја водат јавноста завршиле маргинализирани, без да се има доверба во нив. Законодавството создадено од страна на проектите на граѓанското општество се смета за успех само од групите на граѓанското општество кои го протуркале. За нив е достигнување и самото успешно лобирање кај владата за донесување на законот, без да се земе предвид спроведувањето на самиот закон. Бидејќи е сè уште рано да се процени дали законите што тие ги протуркале ќе се спроведат или не, нивното главно влијание досега беше насочено кон тоа да се зајакне капацитетот на граѓанското општество на тој начин што ќе се започне дијалог со владата. Нови структури: Канцеларија за застапување на граѓаните Структурите што го олеснуваат секојдневниот контакт на граѓаните со владата биле далеку најпопуларната реформа за којашто се залагале групите на граѓанското општество. Во Албанија, Канцеларијата за застапување на граѓаните (КЗГ) којашто била формирана на големо барање на Албанската коалиција била екстремно популарна кај незјините корисници. Канцеларијата им обезбедувала бесплатни правни совети и помош на граѓаните кои биле жртви на изнудување, во проследувањето на нивната жалба до обвинителството, доколку тоа било потребно. Ова проследување било олеснето со потпишувањето спогодба меѓу јавното обвинителство, канцеларијата за застапување на граѓаните и државниот министер (задолжен за Албанската национална стратегија за борба против корупцијата). Канцеларијата претставувала општ успех. Од нејзиното отворање биле покренати две илјади жалби, а оние најдобронамерните, но и поддржувачите на 32